2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА"Black Friday"- пет клучни правила на однесување, ако не сакате да се...

“Black Friday”- пет клучни правила на однесување, ако не сакате да се покаете кога ќе дојдете дома и ќе ги отворите кесите

“Black Friday” сериозно чукна на вратата. Најлудиот шопинг ден започна, трговците на мало најавуваа големи попусти до 70 проценти. Еве неколку корисни совети кои треба да ги имате во предвид ако не сакате да се покаете кога ќе се вратите дома и ќе ги отворите кесите. За почеток, на шопинг на „Black Friday“ е најдобро да се влезе со „ладни глави“.

Идејата за одлични попусти делува многу убава – одите во продавница, ја земате облеката, ја пробувате и ја купувате по добра цена. Сепак, во реалноста тоа изгледа малку поинаку. Имено, “Black Friday” со попустите носи големи гужви и врева, што кај купувачите често создава притисок и впечаток дека купувањето мора да го направат брзо, без размислување и непотребно престојување во продавницата.

Внимателно изберете ја робата

Вистина е дека мора да бидете брзи во намерата да купувате тоа што ви се допаѓа, особено ако е ограничена понудата, а голема побарувачката, но токму тоа може да биде и стапица. На пример, можеби бирате маица која во тој момент изгледа токму за вас, па одлучувате да не ја пробате, туку веднаш се упатувате кон касата или одите во другиот дел од продавницата. Затоа, корисен совет е да пробате и да бидете сигурни дека ви одговара, бидејќи е малку веројатно дека ќе можете да ја замените подоцна ако не ви одговара.

Многу трговци практично не дозволуваат замена на роба која е пупуст за “Black Friday”, но дури и во случај тоа да го одобрат, не е сигурно дека ќе го пронајдете бројот кој ви одговара во моментот кога ќе одлучите за замена.

Исто така, многу трговци на мало нема да дозволат ни рекламции на одредени уреди, па уверете се дали производот навистина функционира пред да дадете пари за него, и не заборавајте да се распрашате кај продавачот за можноста за рекламација.

Мало ми е, но ќе ослабам, на попуст е

Уште една замка во купувањето на „Black Friday“ е тоа што можеби ви се допаѓа гардероба која го нема вистинскиот број за вас, а вие се убедувате себеси дека ќе ослабете или ќе се здебелите, па ја купувате. Без оглед колку ви се допаѓа, едноставно не вреди да купите нешто што е премногу големо или премногу тесно за вас.

Тоа е една од најчестите грешки и при купување мебел или украсни предмети – кога сметате дека „не е важно, на попуст е“.

Ако некоја гарнитура е преголема за вашата дневна соба, или вазната едноставно не одговара на вашиот мебел, не трошете пари само затоа што нешто е на попуст, подобро зачувајте го износот кој го имате, па подоцна дополнете за да купите мебел кој навистина ќе ви одговара.

Купувајте го само потребното

Се случува повеќето луѓе токму на “Black Friday” да купуваат работи кои воопшто во моментот не им се потребни, туку тоа го прават едноставно затоа што виделе дека цената е многу намалена. Со тоа само ќе се акумулираат непотребни работи, додека паричникот незабележано ќе се испразни.

Експертите затоа советуваат дека е добро да се состави список на потребни работи и да се држиме до тоа за да не се потрошат парите. Пред купување всушност треба да се подготвите и да бидете „искрени со себе“ што е навистина важно за купување, а што не.

Денес, повеќето продавници имаат и онлајн продавници, па однапред можете да видите, барем приближно, кои предмети ќе бидат намалени, што исто така може да помогне во составување на списокот.

Ограничете го износот на картичката или во паричникот

Колку и да изгледа поволно да купувате облека на попуст, немојте да ја сметате за инвестиција и не се задолжувајте повеќе отколку што можете.

Само ќе си создадете главоболка ако вашата гардероба е полна со нови работи, или собата со нови уреди, а вие останувате „без пари“.

Обидете се да се контролирате во купувањето, но ако подлегнете на влијанието на акциите и намалувањата, можете однапред да одредите сума која ќе ја потрошите за купувања, па така ограничете ја вашата картичка или во новчаник ставете само одредена сума пари која „можете“ да ја потрошите овој ден.

Чувајте ја чантата бидејќи ова е „совршен ден и за крадците“

Честопати, луѓето толку многу се фокусираат на избирање работи што дури не забележуваат дека нивниот паричник излегува од чантата или дека е отворена, а тоа е токму ситуацијата која на крадците најмногу им одговара.

Момент на невнимание и ќе останете без паричник. Секогаш внимателно чувајте ја чантата да ви биде затворена и да ја гледате, а исто така немојте ни паричникот да го држите во раце, бидејќи можете дури и несвесно негде да го оставите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП