Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 11,298.51 0.02%    FERS 74,000.00 1.36%    GRNT 1,034.77 0.65%    INPR 1,500.00 0%    KMB 6,279.63 -0.19%    MKSD 193.00 0.52%    MPT 76,500.00 0.08%    OKTA 4,700.00 2.17%    RZUS 75.00 -9.64%    SBT 2,590.73 3.49%    STB 1,180.00 0.09%    STIL 92.00 0.19%    TEL 310.00 0%    TNB 16,550.00 -0.18%    TTK 1,530.62 0.7%    UNI 2,390.00 1.27%    ZILU 150.00 8.7%    ZPKO 1,470.00 0%    

The Banker по десетти пат ја награди НЛБ Банка за „Најдобра банка за 2019 година“

Време: 12:28

Датум: ноември 29, 2019

Категорија: КОМПАНИИ

На 28-ми ноември во Лондон, НЛБ Банка се закити, уште еднаш, по десетти пат, со престижната награда на реномираниот финансиски магазин The Banker, со што го потврди епитетот за најнаградувана Банка кај нас.

НЛБ Банка на свечената церемонија на еден од најугледните финансиски магазини The Banker, по десетти пат беше избрана за најдобра банка во Р. Северна Македонија. Официјалното доделување на овие глобални и регионални награди за најдобрите во банкарството за 2019 година се одржа вчера вечер во Лондон, во друштво на најдобрите банки од над 140 земји во светот.

На доделувањето беше присутен Управниот одбор на Банката, а по повод добиената награда Претседателот на Управниот одбор г-динот Антонио Аргир изјави:

„Честа по 10-ти пат да бидеме избрани од овој реномиран магазин за најдобра банка во Македонија е навистина огромна, а задоволството уште поголемо кога знаеме дека се препознаени нашата посветеност, работа и труд. Би сакал да му се заблагодарам на целиот тим на Банката кој е заслужен за оваа награда и силно верува во визијата да бидеме водечка банкарска институција во земјава. Годината која измина беше во знакот на поставување и задоволување на високи стандарди во работењето, инвестирање во дигитализацијата, а со тоа и менување на воспоставената банкарска култура, креирање на успешна пазарна стратегија, донесување на вистински одлуки од страна на менаџментот и сето тоа под капата на едно големо регионално групациско семејство какво што е НЛБ“.

Изборот за најдобра банка магазинот The Banker го прави врз основа на повеќе параметри и критериуми, и тоа: постигнати финансиски резултати, способност за генерирање профит, развој на нови производи, услуги и технологии, опслужување на клиенти и стратешка предност во однос на конкуренција.

НЛБ Банка АД Скопје се вбројува меѓу најпрофитабилните компании во Македонија, со остварена добивка од 34,5 милиони ЕУР во 2018 година и добивка од 23,7 милиони ЕУР за првите девет месеци од 2019 година. Одличните резултати се должат на интензивните активности во кредитирање на население и правни лица, при што Банката има второ по големина кредитно портфолио во банкарскиот сектор, како и континуирани продажни активности во сите сегменти од работењето, квалитетни финансиски услуги, подобрување на наплатата и намалување на портфолиото на нефункционални побарувања и значајни инвестиции во дигиталните сервиси со цел нивна поголема достапност и функционалност.

Согласно својата стратегија, во фокусот на работењето го има задоволството на своите клиенти и континуирано и посветено работи на оптимизирана и персонализирана понуда, согласно потребите на различни сегменти на клиенти. Банката продолжува да ги следи светските трендови во банкарството и технологијата во насока на поголема дигитализација и унапредување на процесите. Паралелно со постојаното надградување на дигиталните сервиси, Банката континуирано ја осовременува и мрежата на експозитури, со што на своите клиенти, им дава широк избор за извршување на финансиските услуги преку современите или традиционалните канали за продажба.

The Banker е британски магазин во сопственост на The Financial Times Ltd. Главниот фокус на The Banker се теми поврзани со глобалниот финансиски пејзаж, во кој се содржани мислења, профили и интервјуа со водечки банкарски и финансиски фигури.

The Banker наградите за „Банка на годината“ е годишен настан кој им доделува признанија на врвните финансиски институции во светот.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Добивката на сопственикот на Zara е 1,17 милијарди евра

    Добивката на сопственикот на Zara е 1,17 милијарди евра

    Шпанскиот производител на облека Inditex, сопственик на модниот ланец Zara, ги презентираше резултатите од растот на профитот во третиот фискален квартал, благодарение на контролата на…

  • А1 Македонија го најавува A1 Game Fest 2019 – најголемиот гејминг настан за оваа година

    А1 Македонија го најавува A1 Game Fest 2019 – најголемиот гејминг настан за оваа година

    А1 Македонија со гордост го најавува A1 Game Fest 2019, најголемиот гејминг настан за оваа година што ќе се одржува во наредните два дена, 14…

  • Воздухот во домот може да биде од 2 до 5 пати позагаден од надворешниот воздух

    Воздухот во домот може да биде од 2 до 5 пати позагаден од надворешниот воздух

    Отстранете до 99,97% од загадувањето во вашиот дом – со Philips прочистувачите на воздух! Аерозагадуањето во Македонија секоја година е на алармантно високо ниво. На…

  • Junk Free, Guilt free мисијата продолжува

    Junk Free, Guilt free мисијата продолжува

    Уште од млади години учиме дека овошјето и зеленчукот се здрави за нас. Но, со текот на времето, процесот на стареење, и зголемувањето на дневните…

  • ЕВН наградена за унапредување на човековите права во бизнисот

    ЕВН наградена за унапредување на човековите права во бизнисот

    ЕВН Македонија е една од првите компании добитници на наградата за унапредување на човековите права во бизнисот. Ова престижно признание се доделува за прв пат…

  • Комплексот Лимак Дајмонд ќе има силен придонес во развојот на Скопје и локалната економија!

    Комплексот Лимак Дајмонд ќе има силен придонес во развојот на Скопје и локалната економија!

    Во тек е изградбата на модерната Лимак подземна сообраќајница, како и подготвителните работи за комплексот Limak Diamond. Во истиот реон во завршна фаза е изградбата…

  • TRASH FOR ART 2019: Пакомак го отвори конкурсот „Создавај уметност, а не ѓубре“

    TRASH FOR ART 2019: Пакомак го отвори конкурсот „Создавај уметност, а не ѓубре“

    Уметноста може да се создаде било каде, било како и од било што, доколку оставите креативноста да ги направи првите чекори. Пакомак ве повикува да…

  • Акциите на Coca-Cola денес вредат 450.000 пати повеќе од почетната вредност

    Акциите на Coca-Cola денес вредат 450.000 пати повеќе од почетната вредност

    Coca-Cola овие денови слави 100-ти роденден на акциите на компанијата. Акциите на Coca-Cola за прв пат се појавија на јавна понуда во 1919 година, откако Аса…

  • НЛБ Банка – Банка на годината по десетти пат

    НЛБ Банка – Банка на годината по десетти пат

    НЛБ Банка денеска ја прослави десетата награда „The Banker“ Денеска во хотелот Хилтон, НЛБ Банка ја прослави десетата награда за најдобра Банка на година. Во…

  • „Убер“ потврди повеќе од 3.000 сексуални напади во превезувањата во САД во 2018

    „Убер“ потврди повеќе од 3.000 сексуални напади во превезувањата во САД во 2018

    Компанијата за превоз на патници „Убер“ соопшти дека во САД примила повеќе од 3.000 извештаи за сексуални напади, вклучително и силување, во текот на 2018…