20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБрајан Квон е нов извршен директор на компанијата LG

Брајан Квон е нов извршен директор на компанијата LG

Новиот главен извршен директор на LG е Брајан Квон, досегашиот раководител на одделот LG Mobile Communications and Home Entertainment, кој вклучува за јужнокорејска компанија посебно проблематично одделение за паметни телефони.

Од 1 декември, Квон освен за секторот за паметни телефони ќе се грижи и за сите останати сектори на компанијата.

Промени ќе се случат и во самите делови на LG. Испразнетото место во Home Entertainment одделот ќе го пополни Парк Хјунг-сеи, досегашниот извршен потпретседател во LG, каде помина 25 години како експерт за лаптопи, монитори, телевизори и американскиот пазар.

Морис Ли, постар потпретседател во компанијата со десетгодишно искуство на подрачјето на мобилни уреди и телевизија, ќе го преземе одделот Mobile Communications.

Лицето задолжено за идната деловна стратегија на компанијата (новосоздадената позиција CSO за координација на работењето на сите оддели и подружници на LG корпорацијата) ќе биде Вилијам Чо, кој на таа позиција доаѓа од американската подружница на LG. Главен финансиски директор на компанијата (CFO) ќе стане Бае Доо-Јонг, кој веќе има седумгодишно искуство во секторот за финансии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП