18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБанките за 9 месеци остварија профит од 94 милиони евра

Банките за 9 месеци остварија профит од 94 милиони евра

Македонските банки за девет месеци од годинава остварија профит од 94 милиони евра, покажуваат податоците на Народната Банка.

Тоа е за 30 милиони евра помал ќар од истиот период лани, кога бележеа добивка од 124 милиони евра. Но со ова темпо домашните банки до крајот на годинава сигурно ќе надминат профит од над 100 милиони евра, психолошката граница која ја надминаа пред две години, што беше историски најголем профит од постоењето на банкарскиот систем во земјава. Lани пак годината ја завршија со рекордна добивка од речиси 136 милиони евра.

Само од камати и провизии 325 милиони евра

Податоците покажуваат дека за девет месеци од годинава банките наплатиле речиси 235 милиони евра од камати, од кои 120 милиони евра се од домаќинствата. А наплатата од провизии и надоместоци достигнала 90 милиони евра. Или за девет месеци банките од граѓаните и компаниите наплатиле речиси 325 милиони евра од камати и провизии. Бројка што е за 7 милиони евра помала од истиот период лани кога наплататa од камати била 237 милиони евра, но од провизии за речиси десет милиони евра помала или изнесувала 80 милиони евра.

Целиот ќар кај големите банки – дури 92 милиони евра

Податоците покажувата дека за девет месеци од годинава најголемиот ќар завршил кај големите банки кои оствариле добивка од речиси 92 милиони евра. Средните банки пак прикажале добивка од само 602.000 евра, а малите банки кои изминатите години беа во негатива сега се со добивка од 1,8 милиони евра.

Според билансот на успех, пак на врвот е  „Стопанска банка А.Д. Скопје“ која за девет месеци остварила добивка од 28,1 милиони евра. Втора е НЛБ Банка со  4,4 милиони помалку или со добивка од 23,7 милиони евра, а трета е „Комерцијална банка“ со добивка од 21,1 милиони евра.

С.А

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП