29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИИзвршниот директор на Huawei: Можеме да бидеме најсилниот производител на телефони и...

Извршниот директор на Huawei: Можеме да бидеме најсилниот производител на телефони и без Google

Извршниот директор на Huawei, Рен Женгфеи го повтори своето предупредување до владата на САД, еднаш кога оперативниот систем на компанијата Harmony ќе стане оперативен, тоа ќе има големо влијание на компаниите како што е Google и враќање веќе нема да има.

Huawei неодамна потврди дека американските санкции нанеле голема штета на компанијата, а ова особено се однесува на недостатокот на клучниот софтвер на Google, Play Store и апликации како што се Search and Maps на Huawei уредите.

Во интервју за CNN, Женгфеи посочува дека одлуката на САД на крајот ќе им овозможи на конкурентите да добијат предност ако продолжат санкциите и трговските забрани со американските компании. Ако Huawei не може да соработува со американските добавувачи, ќе мора да се свртиме кон алтернативите, истакна Женгфеи. Доколку овие алтернативи станат исплатливи, ќе биде тешко да се вратиме на старите верзии на соработка, изјави тој.

Според зборовите на Рен Женгфеи, доаѓањето на топ позиција меѓу производителите на телефони во светот на Андроид, нема да биде проблем за компанијата Huawei, само што сега за тоа ќе биде потребно малку повеќе време.

Минатата недела, Министерството за трговија на САД ја продолжи привремената лиценца на Huawei, со што малку се ублажени ограничувањата за работа на кинеските компании за уште 90 дена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП