17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКомпанијата која печати пари за 140 држави е пред банкрот

Компанијата која печати пари за 140 држави е пред банкрот

Англиската компанија De La Rue, соопшти дека е на работ на колапс, а се работи за компанија која печати пари за вкупно 140 земји.

Раководството на компанијата објави дека активирало план за деловна санација, кој не ги дава очекуваните резултати.

Во соопштението се вели дека на компанијата и се заканува банкрот.

Компанијата, со 2.500 вработени, печати пари за 140 централни банки ширум светот, вклучувајќи ја и британската централна банка (BoE).

Во претходните шест месеци, компанијата забележа загуба во износ од 9,2 милиони фунти (11,84 милион долари), а долгот на компанијата во втората половина од оваа година се зголеми на 170,7 милиони фунти (220 милиони долари).

По објавувањето, акциите на компанијата De La Rue изгубија 20,6 проценти од вредноста на берза.

De La Rue започнала да печати банкноти уште во 1860 година кога работела за Мавританија, а една третина од парите кои моментално се во оптек во светот се излезени од оваа компанија.

Компанијата печати и пасоши за 40 земји.

Во проблематичниот англиски гигант се надеваа дека ќе можат да постигнат стабилизирање на бизнисот со печатење нови британски пасоши откако земјата ќе ја напушти Европската унија, но таа работа на тендер ја доби конкурентската куќа Gemalto.

Кризата во компанијата ескалираше откако нејзиниот долг од 18 милиони фунти (23,17 милиони долари) не го плати Венецуела.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП