27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКина ја основаше најголемата бродоградбена компанија во светот

Кина ја основаше најголемата бродоградбена компанија во светот

Кина во вторникот официјално ја основаше бродоградбената компанија China Shipbuilding Group, која државната радио-телевизија China Central Television (CCTV) ја прогласи за најголема во светот.

Основањето на компанијата се базира на минатомесечното обединување на двете водечки кинески бродоградилишта, China State Shipbuilding Corpa и China Shipbuilding Industry Co, забележува Reuters. China Shipbuilding Group опфаќа 147 истражувачки институти, деловни оддели и компанија чии акции котираат на берзата. Располага со имот во вредност од 790 милијарди јуани (112 милијарди долари) и вработува 310.000 работници, според CCTV.

Активностите на групата вклучуваат изградба на бродови за различна употреба, од специјализирани бродови за вадење нафта и гас до носачи на авиони.

Кина се обидува да го намали државниот сектор со спојување и реструктуирање на средствата за да го спречи растот на долгот и да обезбеди услови за попрофитабилно работење на компаниите и нивно подобро прилагодување кон потребите на пазарот.

Главни конкуренти на Кина во бродоградбата се Јужна Кореја и Јапонија, потсетува Reuters.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП