26 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИ4.000mAh за 17 минути: Супербрзо полнење од 100W пристигнува следната година

4.000mAh за 17 минути: Супербрзо полнење од 100W пристигнува следната година

На својата конференција Xiaomi Developers Conference во Пекинг, кинеската компанија претстави нова технологија за брзо полнење на батерии на паметни телефони, која од следната година би требало да започне со инсталирање на уреди од премиум сегментот.

Во прашање е претходно најавената Super Charge Turbo технологија за брзо полнење од дури 100W, која е претставена преку промотивно видео прикажано на настанот.

Од Xiaomi тврдат дека на Super Charge Turbo полначите ќе им бидат доволни само 17 минути за целосно полнење на батеријата на телефонот од 4.000 mAh.

Кинеската компанија сè уште официјално не објави кои паметни телефони би можеле да бидат првите кои ќе имаат подршка за новата технологија на брзо полнење.

Гласините од интернет, споменуваат дека тоа би можело да биде Xiaomi Mi Mix 4, како и идните Redmi K30 модели.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП