19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЈа загрозуваат безбедноста на корисниците: Uber ја изгуби лиценцата во Лондон

Ја загрозуваат безбедноста на корисниците: Uber ја изгуби лиценцата во Лондон

Uber денес остана без лиценца за работа во Лондон, по втор пат за нешто повеќе од две години.

Градскиот регулаторот за сообраќај вели дека такси апликацијата е „несоодветна и неправилна“ затоа што ги става патниците во опасност.

Промената во Uber системот им овозможи на неовластените возачи да додаваат свои фотографии во работните листови на другите лиценцирани возачи, што значи дека би можеле да „соберат“ патници како да се тие резервиран возач. Ова се случило во најмалку 14.000 случаеви, соопшти Дирекцијата за сообраќај на Лондон, а пренесува Reuters.

„Неприфатливо е тоа дека Uber им дозволи на патниците да влезат во мини такси со потенцијално нелиценцирани и неосигурени возачи“, изјави денес Хелен Чепман, директорка за дозволи, регулативи и наплати во TfL. На Uber денес му истекува дозволата за работа во Лондон.

Компанијата со седиште во Силиконската долина има 21 ден да ја обжали одлуката и може да продолжи да работи во текот на целиот процес, кој веројатно ќе вклучува и судски постапки, додаде британската агенција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП