29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ14 милијарди им беа малку: Сопственикот на Louis Vuitton ја купува...

14 милијарди им беа малку: Сопственикот на Louis Vuitton ја купува Tiffany по зголемена цена

Компанијата LVMH, во чија сопственост е, помеѓу другите, и Louis Vuitton, постигна договор за купување на Tiffany & Co за 16,2 милијарди долари.

Најголемиот светски производител на луксузни производи ја зголеми својата почетна понуда за купување на популарниот производител на накит, откако од Tiffany наведоа дека првичната понуда од 14,5 милијарди долари ја потценува нивната компанија.

Откако француската групација пред еден месец изрази желба да ја купи Tiffany, цената на акциите на производителите на накит постојано расте, бидејќи повеќето инвеститори проценуваат дека фирмата вреди повеќе од 14,5 милијарди долари, колку што беше првичната понуда на LVMH. Но, бидејќи на директорите на Tiffany тој износ не им беше доволен, Бернард Арно, претседател и извршен директор на LVMH групацијата, беше принуден да го зголеми износот.

Потврдувајќи го договорот, LVMH во изјавата истакна дека аквизицијата на Tiffany ќе ја зајакне позицијата на LVMH во светот на накитот и дополнително ќе го зголеми присуството во САД.

Со купувањето на Tiffany, француската групација ќе добие пристап до поголем број на американски потрошувачи, што е и целта на нејзиниот сопственик.

LVMH содржи луксузни брендови во различни малопродажни сектори, од мода до парфеми. Некои од неговите познати брендови вклучуваат Moet & Chandon, Dom Perignon, Givenchy и Louis Vuitton.

Се очекува трансакцијата да се затвори кон средината на 2020 година, под услов да одобрат акционерите на Tiffany. Tiffany е основана во Њујорк во 1837 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП