Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 11,303.85 0.13%    GRNT 1,048.61 -0.61%    KMB 6,299.69 1.14%    KVAS 17,000.00 20.57%    MPT 76,676.92 0.6%    MTUR 5,400.00 0.03%    OKTA 4,600.00 -0.01%    RZIN 90.00 0%    RZTK 660.00 0%    SOLN 293.00 -2.98%    STB 1,165.00 0.42%    TEL 315.00 1.43%    TETE 2,300.00 0%    TNB 16,600.00 0%    UNI 2,361.91 2.69%    VITA 12,365.00 3.29%    

Само еден бит до дигитализација – нова иновативна Телеком продавница

Време: 21:45

Датум: ноември 22, 2019

Категорија: КОМПАНИИ

Од денес, Македонски Телеком ќе им овозможи ново дигитално искуство на своите корисници – во новата продавница, во управната зграда на Телеком, на плоштадот, сите љубители на технологијата ќе можат да уживаат во иновативната продавница која го проширува хоризонтот на класично продажно место.

Посетителите ќе имаат можност да ја почувствуваат разликата што ја прават новите продажни пултови, наречени Co-working table, кои се интерактивни и преку нив се надминува бариерата помеѓу купувачот и продавачот, со што се создава простор за заедничко составување на најдобрата понуда во меѓусебен разговор.

Дополнително, категоризирањето на салонот како Open storage значи дека секој производ што е изложен ќе им биде веднаш достапен на купувачите.

Целта на овој концепт не е само да ги покаже современите технологии, туку и да ги презентира најдобрите начини на кои дигитализацијата ќе им помогне на корисниците.

Во продавницата има простор за гејминг, каде што ексклузивно може да се игра трка со дронови, што е овозможено од напредната технологија и квалитетната мрежа, како и  Digital playground – инструмент преку кој ќе бидат претставени предностите и можностите што ги нуди паметната технологија (паметна куќа, паметен превоз, паметно здравје итн.).

Истражувањата на трендовите кај корисниците покажуваат дека неопходно е технологијата да им е на дофат, па оттука и инспирацијата на Македонски Телеком да ја отвори најсовремената продавница во нашата земја, па и во соседството.

Целиот фокус на новата продавница е ставен на врската на корисникот со технологијата, а тоа се забележува уште од првото влегување во неа. Нејзината ексклузивност е во бројните паметни гаџети, интерaктивното корисничко искуство, кои во овој простор ќе бидат отворено достапни за корисниците.

На отворањето на продавницата, каде што присуствуваа  музичари, гејм девелопери, филмски работници, инфлуенсери и релевантни медиуми, модераторот на настанот, Сашко Коцев, им се обрати на присутните на невообичаен начин, со помош на технологијата: беше домаќин од далечина и ги поздрави гостите преку видео повик. Исто така, уметниците кои присуствуваа, имаа можност со помош на технологијата креативно да ги прикажат придобивките од технологијата со помош на паметни уреди и гаџети.

Со новиот концепт на продавници, кој е трет во целата Дојче Телеком Групација (по Загреб и Виена), Македонски Телеком постави уште еден мост помеѓу технологијата и корисниците и ги отвори вратите на ново дигитално искуство во центарот на Скопје.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • НЛБ Банка – Банка на годината по десетти пат

    НЛБ Банка – Банка на годината по десетти пат

    НЛБ Банка денеска ја прослави десетата награда „The Banker“ Денеска во хотелот Хилтон, НЛБ Банка ја прослави десетата награда за најдобра Банка на година. Во…

  • „Убер“ потврди повеќе од 3.000 сексуални напади во превезувањата во САД во 2018

    „Убер“ потврди повеќе од 3.000 сексуални напади во превезувањата во САД во 2018

    Компанијата за превоз на патници „Убер“ соопшти дека во САД примила повеќе од 3.000 извештаи за сексуални напади, вклучително и силување, во текот на 2018…

  • Apple го презема бизнисот со модеми на Intel

    Apple го презема бизнисот со модеми на Intel

    Intel официјално ја заврши продажбата на главнината од својот бизнис со модеми на Apple. Овој потег беше најавен во јули, а вредноста на продажбата изнесува…

  • Facebook има проблем од 52 милијарди долари

    Facebook има проблем од 52 милијарди долари

    Имено, иако компанијата има повеќе пари од скоро сите американски компании, официјален Вашингтон толку многу му се „наостри“ на лидерот на социјалната мрежа, што му…

  • Германските власти извршија претрес во канцелариите на Фолксваген

    Германските власти извршија претрес во канцелариите на Фолксваген

    Германските власти извршија претрес во канцелариите на Фолксваген, како дел од истрагата за манипулација со тестови за емисии на издувни гасови кај дизел возила, со…

  • Шефот на Google, Пичаи го презема водењето на матичната компанија Alphabet, основачите се повлекуваат

    Шефот на Google, Пичаи го презема водењето на матичната компанија Alphabet, основачите се повлекуваат

    Извршниот директор на „Google“, Сундар Пичаи ќе го замени Лари Пејџ како извршен директор на матичната компанија „Alphabet“, соопшти компанијата. Пејџ и Сергеј Брин, кои…

  • Рудник САСА ја освои наградата за најдобра општествено одговорна практика

    Рудник САСА ја освои наградата за најдобра општествено одговорна практика

    На годинешниот традиционален натпревар за најдобри општествено одговорни практики, што по 12-ти пат го организираа Министерството за економија и Координативното тело за општествена одговорност на…

  • Супер онлајн кредит – брзо и евтино

    Супер онлајн кредит – брзо и евтино

    Како да ги решите финансиските проблеми во еден ден, па дури и за неколку часа? Одговорот е едноставен – брз онлајн кредит од ФД Монимакс…

  • Како сработи ДГ Бетон АД Скопје за периодот јануари-септември 2019 година

    Како сработи ДГ Бетон АД Скопје за периодот јануари-септември 2019 година

    Остварените консолидирани вкупни приходи, заклучно со 30.09.2019година изнесуваат 917.832.133,00 денари. Kонсолидираните вкупни расходи, во период Јануари-Септември изнесуваат 903.087.430,00 денари. Заклучно со септември 2019година, во консолидираниот…

  • Пивара Скопје освои највисоки награди од Министерството за економија за проектите за едукација на младите и за етичко управување

    Пивара Скопје освои највисоки награди од Министерството за економија за проектите за едукација на младите и за етичко управување

    Пивара Скопје освои значајни награди за најдобри општествено одговорни практики што ги доделуваат Министерството за економија и Националното координативно тело за општествена одговорност. Во категоријата…