23 април, 2025
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИЗборовите со кои Никола Тесла во 1926 година го предвиде интернетот и...

Зборовите со кои Никола Тесла во 1926 година го предвиде интернетот и паметните телефони

Никола Тесла беше научник и визионер далеку пред своето време. Во прилог на овој факт говори и неговото интервју од 1935 година за списанието Liberty во кое вели: „Нашата цивилизација е во неволја затоа што не сме целосно прилагодени на ерата на машините“.

Тесла уште тогаш сфатил дека луѓето после таа адаптација би ги совладале машините – имал крајна верба во човечката вештина, во однос на производството на храна, климата и генетиката. Исто така, предвидел, десет години пред пронајдокот на компјутери, дека со автоматизирање и дизајнирање на „машина која размислува“ ќе се ослободиме од напорната работа.

Во уште едно интервју од 1926 година за списанието Colliers, Тесла изјавил дека „во иднина ќе комуницираме преку едноставна џебна опрема“. Идејата за планетарна wi-fi конекција постоела тогаш во главата на Тесла, како и сликата на денешните мобилни телефони.

“Кога целиот свет ќе биде безжично вмрежен, ќе стане еден голем мозок… Ќе можеме да комуницираме едни со други во моментот, без оглед на далечината. И не само на овој начин, туку и преку телевизија и телефони ќе се видиме и ќе се слушнеме едни со други, како да сме лице в лице. Уредите со помош на кои тоа ќе го правиме ќе бидат далеку поедноставни од денешните телефони. Еден таков уред ќе носиме во џеб“.

Никола Тесла беше ентузијаст и оптимист во врска со целта на користењето софистицирана технологија, и верувал дека таа ќе помогне во спречување војни, сиромаштија, болести, загадување и незадоволство кај луѓето.

„Кога луѓето ќе можат да бидат сведоци на настани како инаугурација на претседател, светски игри и натпревари или ужасите од војните, ќе има будење и обединување на човештвото“, навел Тесла во интервју за магазинот Colliers. Во истото, тој зборува и за тоа дека жените ќе станат супериорен пол, поради будење на нивниот интелект.

Сепак, сценариото во кое живееме, а кое многу повеќе личи на темна дистопија од серијата Black Mirror, го негираше за жал легендарниот научник. Или можеби  сепак не е сè готово?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП