24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИXiaomi гради сопствена фабрика за 5G паметни телефони

Xiaomi гради сопствена фабрика за 5G паметни телефони

Компанијата Xiaomi е присутна на годинешната World 5G конференција, а нивниот извршен директор, Леи Јун, веќе одржа еден од неколкуте закажани воведи.

Во споменатиот прв вовед, најави дека неговата компанија се наоѓа во последните фази на изградба на погон дизајниран за производство на 5G телефони. Самата фабрика би требало да биде завршена уште во декември и ќе се наоѓа внатре во локацијата на Beijing Economic and Technologic Development Zone.

Фабриката се протега на 187.000 квадратни метри, а кога ќе се активира очекуваниот принос би требало да биде 60 единици во минута (што е околу 60 проценти повеќе во однос на другите споредливи активни фабрики). Меѓутоа, во првата фаза се очекува производство на околу 1 милион уреди.

Во текот на изминатиот месец, откриени се планови на кинеската компанија за најмалку десет паметни телефони со поддршка за 5G мобилни мрежи, и информации дека сите паметни телефони на компанијата чинат над 250 евра, кои ќе се појават следната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП