23 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИDeutsche Telekom ја исфрла од употреба технологијата на Huawei

Deutsche Telekom ја исфрла од употреба технологијата на Huawei

Deutsche Telekom (DT) постепено во наредните две години ќе ја исфрли од употреба технологијата на кинескиот гигант Huawei, како резултат на тековните дискусии за безбедносните прашања.

Цитирајќи извори од компанијата, неделникот Wirtschaftswoche пишува дека DT ќе замени делови од Huawei во основната мрежа, како дел од рутински процес на замена.

„Во рок од две години, уделот на азиските делови ќе се намали на нула проценти“, велат од DT.

„Ќе ги замениме и американските производители а ќе вклучиме нови“, велат изворите, додавајќи дека технологијата на компанијата секако се менува на секои три до пет години.

Компанијата во исто време, поради американското ембарго на Huawei, од темел ќе ја промени куповна политика и во иднина ќе купува опрема од американски добавувачи, како што е Oracle, наместо да ја купува како дел од готовите решенија на Huawei.

„Со тоа нема да го заобиколи американското ембарго, бидејќи деловите нема да ги продава Huawei“, тврди изворот.

Во Deutsche Telekom не одговорија на барањето на Reuters да ги коментираат овие наводи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП