Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 12,760.64 -0.03%    BUTE 3,075.00 2.5%    CEVI 567.00 -2.91%    GRNT 1,202.69 0.29%    KMB 7,231.37 -0.1%    MPT 79,852.73 -0.06%    SBT 3,200.00 2.17%    SDOM 30.00 0%    STB 1,200.00 -1.72%    TNB 17,636.98 0.24%    TTK 1,600.00 1.78%    ZILU 195.00 2.63%    ZPKO 2,539.00 19.99%    ZPOG 1,800.00 -10%    

Продавница со нов концепт во Телеком управната зграда

Време: 12:42

Датум: ноември 21, 2019

Категорија: КОМПАНИИ

  • Продавницата нуди персонализирано корисничко искуство, интерактивна сценографија за запознавање со технолошките новитети и директна отворена комуникација со вработените
  • Попуст и до 5.000 денари за купен уред со Договор за Фамилијарен буџет во Magenta 1, како и телефони за 1 денар со Договор за доверба 24 во Magenta 1M и Smart М тарифите

Персонализирано корисничко искуство, интерактивна сценографија за запознавање со технолошките новитети, отворен простор за изложување на производите и директна отворена комуникација со вработените. Ова е новиот концепт на Телеком продавницата сместена во Управната зграда на компанијата, којашто ќе се отвори утре, на 22 ноември, во 14 часот.

Новиот концепт на продавницата го проширува хоризонтот на класично продажно место уште на самиот влез, со модерен дизајниран излог кој на корисникот му навестува амбиент на интересно дигитално патување во светот на модерната технологија. Пoсебен акцент е ставен на личното искуство и на впечатоците на секој корисник за технолошките новитети добиени од изложените интерактивни сценографии во продавницата.

Продажниот концепт се состои од четири составни елементи: отворен простор за изложување на сите продукти и уреди – веднаш достапни за корисниците, интерактивен пулт кој ги надминува бариерите и овозможува воспоставување заемна соработка помеѓу корисниците и продажните агенти, потоа гејминг зона за несекојдневно гејминг искуство каде што нема индивидуални победници, туку чувството на победа се изразува во заемно поминатото време, како и дигитално катче во кое ќе се претстават предностите и можностите што ги нуди паметната технологија. Целиот фокус во продавницата е ставен на современата технологија и дигитализација, односно автоматизација на услужните процеси кои ќе придонесат за олеснување на корисничкото искуство.

Македонски Телеком на денот на отворањето на новата продавница, утре, на 22 ноември, подготви атрактивни цени за купување на телефони. Одредени модели на телефони ќе можат да се набават со попуст и до 5.000 денари со договор за Фамилијарен буџет во Magenta 1, како и телефони за 1 денар со договор за Доверба 24 во Magenta 1M и Smart М тарифите.

Новиот концепт на продажен салон во Управната зграда на Телеком во Скопје, е трет во Дојче Телеком Групацијата, по Виена и Загреб. Оваа неконвенционална продавница го потврдува епитетот на Македонски Телеком како технолошки лидер, компанија која чекори напред пред останатите, креирајќи уникатни искуства за своите корисници.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Помалку пластика: Гигант за храна вложува 1,8 милијарди евра во рециклирање

    Помалку пластика: Гигант за храна вложува 1,8 милијарди евра во рециклирање

    Швајцарскиот гигант за прехранбена индустрија Nestle најави дека ќе инвестира две милијарди франци (1,8 милијарди евра) во период од пет години во рециклирање. Парите ќе ги искористат…

  • Добивката на Bank of America падна поради ниските каматни стапки

    Добивката на Bank of America падна поради ниските каматни стапки

    Добивката на Bank of America падна во четвртиот квартал минатата година за 4,0 проценти во однос на истиот период во 2018 година. Падот е предизвикан…

  • Нова подобрена верзија на онлајн услугите на ЕВН

    Нова подобрена верзија на онлајн услугите на ЕВН

    Почна со работа новата надградена  верзија на онлајн услугите на ЕВН – evnonline.mk. Овие услуги на корисниците сега ги нуди компанијата „ЕВН Хоме“ која од…

  • Производителот на телефони дели откази на работниците

    Производителот на телефони дели откази на работниците

    Финскиот производител на телекомуникациска опрема Nokia соопшти дека планира да укине околу 180 работни места во матичната земја оваа година. Како што најавуваат, имаат намера…

  • Шпекулант од Wall Street: Apple би можел да достигне вредност од два трилиони долари

    Шпекулант од Wall Street: Apple би можел да достигне вредност од два трилиони долари

    Најголемата американска компанија по пазарна капитализација, Apple, има потенцијал до крајот на 2021 година да достигне вредност од два трилиони долари. „Сметаме дека Apple има…

  • Гигантот повторно се сели: Брегзит ги натера компаниите да ги сменат локациите

    Гигантот повторно се сели: Брегзит ги натера компаниите да ги сменат локациите

    Францускиот енергетски гигант Total ќе го премести својот финансиски оддел од Лондон во Париз поради излезот на Британија од ЕУ, како и поради намалување на трошоците.…

  • Рекордна година за Porsche

    Рекордна година за Porsche

    За германскиот производител на автомобили со високи перформанси, компанијата Porsche, 2019 година беше рекордна година во поглед на глобалната продажба. Porsche, инаку бренд во сопственост…

  • myWorld Македонија го збогатува своето портфолио со уште една успешна соработка

    myWorld Македонија го збогатува своето портфолио со уште една успешна соработка

    Конфедерација на слободни синдикати на Македонија стана член на Cashback World куповната заедница, која е светска лојална програма менаџирана од страна на myWorld Групацијата Конфедерацијата…

  • Nissan и Renault не планираат “развод”

    Nissan и Renault не планираат “развод”

    Јапонскиот производител на автомобили денес објави дека најавите за раскинување на алијансата со Renault не се засновани врз факти. „Nissan во никој случај не размислува да…

  • Онлајн кредити за нови авантури

    Онлајн кредити за нови авантури

    Ве притискаат ли некогаш финансиските грижи толку многу, што посакувате едноставно да ви паднат пари од небо? Можеби е момент сериозно да размислите за тоа,…