23 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГрешка што нема да се повтори: Изгубиле 12,6 милиони долари поради попуст...

Грешка што нема да се повтори: Изгубиле 12,6 милиони долари поради попуст во сендвичите

Burger King, еден од најголемите брендови во САД, даде еднократен попуст на клиентите, со што изгубија милиони долари.

Сепак, експертите советуваат дека е вистинско време да се купат нивните акции.

Аналитичарите на “Craig-Hallum” сметаат дека акциите на Burger King треба да се купат пред да се смири „ситуацијата“ што се појавила околу преефтиниот пилешки сендвич и другите производи на компанијата.

„Акциите на оваа компанија се продаваат како компанијата да пропаѓа“, напиша Џереми Хемблин, еден од вработените во Craig-Hallum.

Кога се затвори берзата во средата, цената на акциите беше 7,26 американски долари, пренесува CNBC.

Попустот што им го понудија на своите клиенти ги чинеше 12,6 милиони долари во продажба, или 10,2 милиони долари профит. Главниот извршен директор на компанијата рече дека ова е грешка што сигурно нема да се повтори, потенцирајќи дека верува во иднината на оваа компанија.

Она што е позитивно и зошто Џереми Хемблин советува купување на акции е тоа што ваквиот попуст сигурно донесе нови муштерии во Бургер Кинг, но, исто така и дека конкуренцијата не е во можност да ја искористи кризата затоа што и сами по себе се борат со проблеми, пред се се мисли за McDonald’s кој поминува низ смена на извршниот одбор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП