25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИИутеКредит - Најповолно микрокредитирање според најновите истражувања и анализи во 2019

ИутеКредит – Најповолно микрокредитирање според најновите истражувања и анализи во 2019

Брзината во пристапот до финансиски средства е се поголем приоритет кај граѓаните, а доволен показател за тоа е и бројот на финасиски друштва кој се зголеми во последните неколку години. Сепак искуствата со брзите кредити се различни во зависност од финансиското друштво од каде што се позајмени парите.

Според спроведеното истражување во месец октомври и ноември и анализата која ги опфаќа сите услови што ги нудат шестте најпопуларни финансиски друштва на нашиот пазар, вкупните трошоци за процесирање на апликација за кредит, за предвремена отплата или пак доцнење, како и потребните гарнации кои ги бараат некои од нив, се само дел од причините за разликите во исплатливоста на позајмицата.

Во анонимното истражување, беа обезбедени договори за кредит кои вклучуваат амортизациони планови и општи услови. Крајната анализа покажува дека само едно друштво (ИутеКредит) работи со најмали трошоци кои не вклучуваат т.н. скриени или дополнителни трошоци и казни за неисполнување на условите за гаранција на кредитобарателите.

И покрај тоа што сите финансиски друштва ја почитуваат законски утврдената стапка на вкупни трошоци (СВТ е пресметковна категорија која се калкулира според методологијата пропишана од страна на Народната Банка на Република Северна Македонија) од 51,25%, сепак во пракса уделот на вкупните трошоците во износот на кредитит кој што се враќа достигнува и до 127%. Како тоа изгледа детално може да се погледне во табелата:

Извор: www.iutecredit.mk

Според истражувањето, најголема исплатливост за подигање на брз кредит има во финаниското друштво ИутеКредит со седиште во Скопје по што следува битолското СН финансии:

Извор: www.iutecredit.mk

Воедно, финансиските друштва се разликуваат и во квалитетот на услугата. Транспарентноста во комуницирање на условите за кредит, достапноста на услугите и начините за аплицирање, брзината на процесирање и одобрување на барањето за кредит, работното време и начинот на исплата прават голема разлика во корисничкото искуство.

Генерално сите финансиски друштва ја нудат можноста за онлајн аплицирање, а некои пак и воопшто немаат физички експозитури кадешто корисниците ќе можат директно да ги посетат. Без разлика дали онлајн, телефонски или во експозитура, документацијата во некои друштва налага повеќе од само документ за лична идентификација. За одобрување на кредит се бараат потврди за лични примања, алтернативни контакти, па дури и жиранти со минумум месечни примања од 40 000 денари! Брзината и начинот на исплата исто така се разликуваат. Кај некои исплатата е веднаш 24/7, додека кај други се чека и по еден час во зависност од времето за процесирање на апликациите.

Сепак, потребите на граѓаните за итни финансиски средства продолжуваат да растат, а финансиските друштва се тука веднаш да излезат во пресрет на потребите. Како одговорни кредитори финансиските друштва мора да им понудат на своите клиенти транспарентен приказ на трошоците кои ги налагаат и да дадат совети за финасиска дисциплина и коректна кредитна историја, кои во иднина би го намалиле негативното искуство кое може да произлезе.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП