Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 11,303.85 0.13%    GRNT 1,048.61 -0.61%    KMB 6,299.69 1.14%    KVAS 17,000.00 20.57%    MPT 76,676.92 0.6%    MTUR 5,400.00 0.03%    OKTA 4,600.00 -0.01%    RZIN 90.00 0%    RZTK 660.00 0%    SOLN 293.00 -2.98%    STB 1,165.00 0.42%    TEL 315.00 1.43%    TETE 2,300.00 0%    TNB 16,600.00 0%    UNI 2,361.91 2.69%    VITA 12,365.00 3.29%    

Facebook добива конкуренција? Основачот на Wikipedia лансираше нова социјална мрежа

Време: 11:45

Датум: ноември 20, 2019

Категорија: НАЈНОВИ ВЕСТИ

Илјадници се регистрираа на мрежата на основачот на Wikipedia, Џими Велс, кој соопшти дека неговата “WT: Social” сега има повеќе од 160.000 членови и се „заканува“ да стане нов ривал на популарниот Facebook.

Новата мрежа собра повеќе од сто илјади претплатници за само 48 часа, а Велс вели дека луѓето масовно се регистрираат.

Како што изјави, платформата нема да ги продава корисничките податоци и се потпира на поединци, а не на реклами. Оние кои се регистрираат на WT: Social се додаваат на списокот на чекање, а од нив се бара да се јават на други корисници или да изберат да платат за претплата.

Велс вели дека неговата платформа е фокусирана на вестите, а членовите на мрежата ќе можат да уредуваат наслови. Корисниците можат да гледаат статии во формат на временска рамка. Прво, се појавуваат најновите написи, а не алгоритмички, за да се следат интересите на претплатниците.

„Ве охрабруваме да направите сопствен избор за содржината која ви е сервирана, директно да уредувате наслови. Ние ќе ја поттикнеме средина во која се елиминираат лошите актери, бидејќи тоа е исправно“, изјави Велс.

Во неодамнешното интервју за Financial Times, основачот на Wikipedia го оцени како исклучително проблематичен моделот на работење на големите социјални мрежи кои се насочени кон рекламирање.

„Излезе дека голем победник е неквалитетната содржина“, изјави тој.

Велс во 2017 година, лансираше новинска платформа наречена WikiTribune со цел решавање на проблемите со лажните вести.

Претплатата на WT: Social изнесува 12 долари месечно или 90 евра годишно во Европа, а 13 долари месечно и 100 долари годишно во САД. Додека многумина ја фалат идејата на Велс за нова платформа, други го критикуваат велејќи дека нема да успее затоа што луѓето се навикнати да имаат сервирани бесплатни вести.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

Еден одговор за Facebook добива конкуренција? Основачот на Wikipedia лансираше нова социјална мрежа

  1. Пингбек: Facebook добива конкуренција? Основачот на Wikipedia лансираше нова социјална мрежа - ММС

  • Најдобрите антиканцерогени намирници

    Најдобрите антиканцерогени намирници

    Под антиканцерогени намирници подразбираме намирници кои играат своевидна улога во заштитата од канцер. Несомнено знаете дека тоа се овошјето и зеленчукот. Но, кои од нив…

  • Свети Климент Охридски Чудотворец

    Свети Климент Охридски Чудотворец

    Христијанството го има големиот свети апостол Павле како камбана на верата, а ние ги имаме и него и свети Климента. Таква била Божјата промисла, Македонија,…

  • Ентони Џошуа повторно е крал во тешка категорија

    Ентони Џошуа повторно е крал во тешка категорија

    Британскиот боксер Ентони Џошуа (веќе 23-1, 21 КО) си ги врати титулите во тешка категорија, откако го совлада Американецот Енди Руиз (веќе 33-2, 22 КО)…

  • Гвардиола: Не можевме да ги сопреме брзите Џејмс, Рашфорд и Марсијал

    Гвардиола: Не можевме да ги сопреме брзите Џејмс, Рашфорд и Марсијал

    Пеп Гвардиола признава дека англискиот шампион Манчестер сити не успеал да се снајде со брзината на напаѓачите на Манчестер Јунајтед во болниот пораз 1:2 во…

  • Меси го надмина Роналдо во Шпанија по уште еден показател

    Меси го надмина Роналдо во Шпанија по уште еден показател

    Sвездата на Барселона, Лионел Меси сега е единствен лидер во пласманот во Ла Лига, откако во синоќешната победа од 5-2 над Мајорка постигна три гола.…

  • БДП порасна 3,6 проценти во третиот квартал

    БДП порасна 3,6 проценти во третиот квартал

    Растот на БДП во третиот квартал од 3,6 проценти, колку што пресмета Државниот завод за статистика, за премиерот Зоран Заев е под неговите очекувања. Тој…

  • Променливо облачно со локални врнежи од дожд особено претпладне

    Променливо облачно со локални врнежи од дожд особено претпладне

    Времето денеска ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд особено претпладне. Во текот на денот облачноста ќе се намалува, информира Управата за хидрометеоролошки…

  • Светна новогодишната елка во Скопје

    Светна новогодишната елка во Скопје

    Со вeчерашното светнување на елката на плоштадот „Македонија“ и отворањето на новогодишниот базар „Винтерленд“ симболично се означи почетокот на новогодишните празнувања во Скопје. На почетокот…

  • Намирници кои штитат од грип

    Намирници кои штитат од грип

    Сезоната на грипот е веќе присутна и луѓето се повеќе стравуваат дека можат да се разболат. Движењето, излегувањето на прошетки и активниот живот се важен…

  • НЛБ Банка – Банка на годината по десетти пат

    НЛБ Банка – Банка на годината по десетти пат

    НЛБ Банка денеска ја прослави десетата награда „The Banker“ Денеска во хотелот Хилтон, НЛБ Банка ја прослави десетата награда за најдобра Банка на година. Во…