20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИEasyJet повторно започнува продажба на пакет аранжмани

EasyJet повторно започнува продажба на пакет аранжмани

Британската нискобуџетна авиокомпанија easyJet во вторникот објави дека на клиентите повторно ќе им понуди туристички пакет аранжмани, со цел да се пополни празнината создадена од пропаѓањето на Thomas Cook, пренесуваат британските медиуми.

Со еasyJet, годишно во Европа летаат околу 20 милиони луѓе, но само 500.000 патници го резервираат своето сместување преку нив, пренесува BBC.

Објаснувајќи ја одлуката за повторно воведување на годишните одмори во понудата, во easyJet објаснуваат: „Вкупниот пакет аранжман на европскиот пазар вреди околу 61 милијарди фунти годишно. Само пазарот во Обединетото Кралство вреди 13 милијарди фунти, а во претходниот период годишно порасна шест проценти“.

„Клиентите денес поинаку го поминуваат одморот, знаеме дека сакаат аранжмани со различно времетраење, а не традиционалните седум или 14 ноќевања“, велат од ирската компанија.

Најавата за проширување на понудата е објавена со извештајот за деловните резултати за 2018/2019 година, која заврши во септември. Добивката пред оданочување падна за 26 проценти, на 427 милиони фунти (500,4 милиони евра). Приходите пораснале за 8,3 проценти, на 6,38 милијарди фунти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП