26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBoeing тргнат од престолот: Airbus доби рекорден број нарачки

Boeing тргнат од престолот: Airbus доби рекорден број нарачки

Boeing 737 со децении беше најпродаваниот авион во историјата на авиоиндустријата. Меѓутоа, дојде време компанијата Airbus да ја преземе оваа титула.

Кризата која ја зафати последната генерација на Boeing, Model 737 Max, компанијата ја чинеше првото место. Важен фактор е што оваа компанија нема добиено значајна нарачка за Boeing 737 Max уште од април оваа година.

До крајот на октомври, Boeing забележа 15.136 нарачки за моделот 737, вклучувајќи ги сите генерации на авиони. Airbus, од друга страна, забележа 15.193 нарачки за својот модел А320.

Во првите два дена на настанот Dubai Airshow, компанијата Airbus доби 120 нарачки од Air Arabia за разни модели од А320 серијата. Boeing доби 10 нарачки за моделот 737 Max, а нарачател е фирмата SunExpress.

На голем настан во Париз, Airbus доби 273 нарачки за својот модел A320neo. Boeing продаде 200 модели 737 Max.

Airbus го претстави својот нов модел, A320neo, пред Boeing да го претстави 737Max. Како и да е, на крајот на минатата година, Airbus сè уште беше позади за речиси 400 нарачки во однос на Boeing.

Airbus прима нарачки за модели од семејството авиони А320 од 1984 година, скоро 20 години откако Boeing го претстави семејството 737.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП