20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДржавава спроведе 59 проценти од реформите во енергетиката, ЕЗ ја рангира на...

Државава спроведе 59 проценти од реформите во енергетиката, ЕЗ ја рангира на второ место

Вкупниот просек на спроведувањето на реформите во енергетската област согласно со обврските од Договорот за Енергетска заедница на државава е 59 проценти, ја рангира на второ место од деветте земји кои се споредуваат. Годишниот пораст на Република Северна Македонија е 10 проценти.

Тоа е наведено во денеска објавениот „Годишен извештај за имплементација“ изработен од Секретаријатот на Енергетската заедница, кој го прикажува напредокот при спроведувањето и имплементацијата на европското законодавство на земјите-договорни страни на Договорот за основање на Енергетската заедница.

Извештајот, како што соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на РСМЕ (РКЕ), нотира дека Република Северна Македонија е „шампион во реформите во сите енергетски сектори“.

РКЕ е рангирана на прво место во напредокот при спроведување и примена на европското законодавство согласно со Договорот за основање на Енергетската заедница и е оценета со 78 проценти.

-Во изминатите 17 месеци Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија успешно го имплементираше Законот за енергетика и Третиот енергетски пакет на Европската унија, преку донесување и одобрување на 33 подзаконски акти, што беше голем предизвик имајќи ги во предвид кратките рокови и сложеноста на прашањата со кои се регулира енергетскиот сектор. Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија успешно ги спроведе: сертификацикацијата на операторот на електропреносниот систем; правното, функционалното и оперативно раздвојување на операторот на електродистрибутивниот систем; работењето на универзалниот снабдувач со електрична енергија; либерализацијата на пазарите на енергија; намалувањето на цените и тарифите на енергијата и услугите кои ги користат потрошувачите, соопшти РКЕ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП