Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 12,301.16 -0.35%    FERS 59,500.00 8.06%    GRNT 975.00 -1.57%    KMB 5,882.48 -0.26%    MPT 67,967.90 -0.05%    RZEK 68.00 41.67%    SBT 2,765.00 -2.98%    STB 1,183.55 2.97%    STIL 66.00 9.2%    TNB 16,102.00 -1.21%    TTK 1,250.00 2.46%    UNI 2,075.64 -0.22%    

Увоз на автомобили – наскоро данок наместо царина

Време: 12:47

Датум: ноември 18, 2019

Категорија: АВТОБИЗ

Предлог – законите за акцизите и за возилата кои се уште не се донесени предвидуваат во иднина наместо акциза за увоз на автомобили да се плаќа данок.

Можеби ова придонесе за благо раздвижување на пазарот. Во првото полугодие биле увезени 3.091 нов и 16.205 половни автомобили. Ова е за 61 односно за 2.850 повеќе во однос на истиот период лани.

Препродавачите на половни коли се задоволни. Велат дека бизнисот се подобрува. На плацовите кои во најголем дел се нудат увезени автомобили најбарани се оние од ниска и од средна класа.

„Најмногу се продаваат колите што чинат од 3 до 5 илјади евра. Тоа е и нормално, таков е и нашиот стандард“, вели сопственик на плац за автомобили во скопско Маџари.

Најголем број од автомобилите во Македонија доаѓаат од Италија и од Германија. Тамошните жители имаат навика да ги сменат после 5 до 7 години, кога и почнуваат да бараат поголема грижа и дополнителни вложувања. Токму тогаш завршуваат во помалку развиените земји како нашата.

„Најбарани се германските коли. Пред се Голф, но се продаваат и Ауди и Мерцедес иако тие се веќе повисока класа. Ние нудиме и Пежо и Ситроен, како и Фиат. Тие се поевтини но одат доста послабо“, вели сопственикот на плац.

Кај импортерите на нови автомобили нема толкаво раздвижување, продажбата е на речиси истото ниво како и лани, но тие се задоволни.

„Не е како пред десетина години но е далеку подобро. Пазарот е стабилен, побарувачката е задоволителна. Оние кои можат да си дозволат знаат дека новиот автомобил е вистинскиот избор. Гаранцијата и обезбедениот сервис значат мирна глава во првите три до пет години“ објаснуваат во еден од поголемите салони за нови автомобили.

Минатата година беа увезени 37.000 возила. Од нив 88% биле употребувани со просечна старост од над 10 години, при што од оваа категорија речиси 90% биле дизел возила.

Лани Царината започна со електронско утврдување на вредноста при увозот на половни автомобили. Новиот софтвер кој беше ставен во функција е поврзан со база на податоци, во него само се внесува бројот на шасијата и автоматски се прави пресметка колку треба да и се плати на државата за увоз на конкретното возило.

Предлог – законите за акцизите и за возилата кои се уште не се донесени предвидуваат во иднина наместо акциза за увоз на автомобили да се плаќа данок.

За да се стимулира замена на возниот парк во делот на бизнисот доставните возила кои се наменети за превоз на стоки ќе бидат изземени од плаќање на данок на моторни возила.

Патничките комби возила за превоз на 8 или 9 патници, амбулантните возила,  возилата за превоз на починати лица, кампер возилата и т.н “олд тајмер“ возила исто така ќе бидат изземени од обврската за плаќање данок или е предвиден поврат на дел од него.

Новите пресметки за давачките за автомобилите во голем дел ќе зависат од емисијата на штетни гасови, пред се на на јаглерод диоксид. Ова значи дека за постарите автомобили давачките ќе бидат поголеми.

Според последните достапни податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС) на македонските патишта, заклучно со крајот на 2015-та година, имало вкупно 383.833 регистрирани автомобили. Најголем дел од нив, 261.470, се произведени пред 2002-та година односно се постари од 15 години!

К. Н.

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Новата Mokka: Opel се фокусира на плочките со имињата на моделите

    Новата Mokka: Opel се фокусира на плочките со имињата на моделите

    Главна работа кај Mokka: табличката со името сега е централно лоцирана на задниот дел Јасно читлив: Буквите на Opel се модернизирани за подобар дигитален дисплеј…

  • Тестирање: Новата Opel Mokka на патот кон подготвеност за производство

    Тестирање: Новата Opel Mokka на патот кон подготвеност за производство

    Инженерите на Opel ја завршуваат следната генерација на Mokka Новата Opel Mokka е до 120 килограми полесна од претходниот модел Шасијата и системите за помош…

  • Продажбата на автомобили во Европа во март падна за 76 проценти

    Продажбата на автомобили во Европа во март падна за 76 проценти

    Продажбата на автомобили во Европа драстично паднала во април, бидејќи ограничувањата поради коронавирус во регионот ги затворија авто салоните и го стопираа производството и продажбата,…

  • 70 години историја – способноста на SEAT да се реинвентира

    70 години историја – способноста на SEAT да се реинвентира

    Пред седумдесет години, SEAT започна возбудливо патување. На 9 мај 1950 година основана е компанијата што ја стави Шпанија на тркала и ја демократизира мобилноста.…

  • Lamborghini го претстави Huracan Evo RWD Spyder (видео)

    Lamborghini го претстави Huracan Evo RWD Spyder (видео)

    Lamborghini Huracan EVO Spyder е автомобил кој нема да ве остави рамнодушни. Lamborghini, во јануари го претстави Huracan EVO и таа верзија имаше само погон…

  • Добивката на BMW излета, но коронавирусот ќе го уништи работењето

    Добивката на BMW излета, но коронавирусот ќе го уништи работењето

    BMW во средата извести за зголемување на добивката од 133 проценти во првиот квартал, поради непостоењето на еднократен ефект во претходниот период, но влијанието на…

  • Volkswagen го одложи отворањето на погонот во Америка

    Volkswagen го одложи отворањето на погонот во Америка

    Германскиот производител на автомобили Volkswagen денес објави дека на неодредено време го одложува продолжувањето на производството во својата фабрика во САД, каде работата требаше да започне…

  • Новиот Opel Vivaro-e: „E“ за испорака без емисии

    Новиот Opel Vivaro-e: „E“ за испорака без емисии

    За „последен километар“ и повеќе: електричен опсег до 230 или 330 километри (WLTP1) Моќен: електромотор од 100 kW (136 КС) со вртежен момент од 260Nm…

  • Автомобилската индустрија во Европа од денес повторно во функција

    Автомобилската индустрија во Европа од денес повторно во функција

    Volkswagen од денес повторно ќе го покрене производството во својата фабрика во Волфсбург, Германија, како последен од флотата на европски производители на автомобили кои ќе…

  • Новата Opel Mokka веќе ја возеше Јирген Клоп

    Новата Opel Mokka веќе ја возеше Јирген Клоп

    Успешниот тренер ентузијастички за првото тест возење: „Супер ауто!“ Амбасадорот на брендот ветува: „Многу ќе се забавувате“ Втора генерација на Mokka: Започна фазата на тестирање…