25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИNokia влегува на пазарот на паметни телевизори

Nokia влегува на пазарот на паметни телевизори

Nokia одлучи да го прошири својот бизнис во друга насока, во насока на паметни телевизори. Но, притоа ќе бидат претпазливи и нема да одат со глобална понуда, туку ограничена, само за купувачите од Индија.

На тамошниот пазар ќе ги понуди своите паметни телевизори преку индискиот Flipkart. Технички податоци за телевизорите на Nokia засега нема премногу, но некои елементи сепак се познати.

Деновиве, во медиумите се појавија информации дека телевизорите на Nokia ќе имаат 4K Ultra HD екран. Засега се споменува само една дијагонала на екранот, од 55 инчи. Што се однесува до технологијата, телевизорите на Nokia ќе имаат JBL Audio технологија за потребите на звукот и интелигентна Dimming технологија, која врз основа на посебен алгоритам ќе нуди подобар контраст и „подлабока“ црна боја во однос на конкуренцијата.

Nokia Smart TV ќе се заснова на Android платформата, поточно на Android 9.0 (Pie). Изворот наведува дека ќе има поддршка за Google Play, што значи дека корисниците ќе имаат пристап до мноштво Android апликации кои ќе можат да го подобрат своето мултимедијално искуство. Официјалното претставување се очекува во текот на декември 2019 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП