23 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПреставена новата колекција на Omega пред македонската публика

Преставена новата колекција на Omega пред македонската публика

Во интимна атмосфера во претседателскиот апартман во хотел Мериот, каква што му доликува на брендот Omega, компанијата „Божиновски часовници и накит“ ја претстави најновата колекција на часовници пред македонската публика.

Врвните познавачи на часовничарството, како и  пасионираните колекционери на часовници во земјава, имаа можност одблиску да се запознаат со новата линија на часовници на брендот од веќе познатите колекции „Constellation“, „Speedmaster“, „Seamaster“  како и „De Ville“ .

„Што може да се каже за најновата линија на Omega, освен дека и оваа година го заслужи епитетот на врвен часовничарски бренд, кој плени со својата авангардност и инвентивност. Omega e бренд кој никогаш не ги следи, туку ги диктира трендовите во индустријата, бренд кој точно ја знае границата како да биде модерен и уникатен, без да ја загрози својата препознатлива класична нота, задржувајќи го приматот безверменски лидер повеќе од сто години“, изјавија од Божиновски часовници и накит.

Од компанијата најавија дека токму Omega како бренд е нивната најголема инспирација постојано да бидат инвентивни и да бидат лидери, а не следбеници во часовничарската индустрија на македонскиот пазар. Во тој дух е и веќе воспоставената традиција секоја година сите најнови колекции на брендовите кои ги застапуваат во Македонија да бидат претставувани во исто време како и низ целиот свет.

Погледнете ја фотогалеријата за да доловите дел од атмосферата од настанот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП