20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИGoogle влегува во банкарството

Google влегува во банкарството

Google следната година ќе понуди тековни сметки заедно со финансиски институции, вклучувајки ја и Citigroup, што ќе претставува најсилен потег на компанијата во потрошувачкото банкарство.

Повеќето претходни напори се фокусираа на кредитни картички и платформи за плаќање.

Како дел од проектниот назив – Cache, компанијата ќе стане најновиот лидер во Силиконската долина кој ќе се испроба во банкарскиот простор, објави Wall Street Journal.

Претходните обиди на Apple и Facebook се соочија со пречки, а потрошувачите станаа скептични за давање лични информации на големите технолошки компании.

„Истражуваме како можеме да соработуваме со банките и кредитните синдикати во САД како би понудиле паметни сметки за проверка преку Google Pay, помагајќи им на нивните клиенти да имаат корисни увиди, а своите пари да ги чуваат на сметка заштитена во FDIC или NCUA“, изјави ПР-от на Google.

Google нема намера да ги продава податоците на клиентите, изјави за WSJ, Цезар Сенгупта, главен извршен директор на компанијата.

„Ако можеме да им помогнеме на поголем број на луѓе дигитално да прават повеќе работи преку интернет, тоа е добро за интернетот и за нас исто така“, изјави Сенгупа.

Банките со години се грижат за конкуренцијата од мали, брзи “финтеч” почетници.

Минатата година, Amazon, наводно, разговарал со JP Morgan Chase за тековните сметки. Apple на почетокот на оваа година лансираше кредитна картичка за корисниците на iPhone со Goldman Sachs. Uber минатиот месец ги најави своите почетоци во финансиските услуги, а Facebook објави нов систем за олеснување на плаќањето преку своите социјални медиуми и системи за разменување на пораки.

Понудата на Apple наиде на неколку проблеми. Неговото партнерство со Goldman беше напнато откако Apple изјави дека ја создал картичката без помош на банката. Неодамна, се појавија и поплаки дека алгоритмот кој се користи за утврдување на кредитните ограничувања на клиентите е пристрасен кон мажите.

Плановите на Google вклучуваат проверка на тековните сметки со информации од финансиски институции, а не со своите сопствени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП