20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПротестите ја срушија продажбата: Луксузната модна куќа бележи загуби на клучниот пазар

Протестите ја срушија продажбата: Луксузната модна куќа бележи загуби на клучниот пазар

Луксузната модна куќа Burberry соопшти дека продажбата на нивните производи во Хонг Конг нагло падна по протестите во тој град кои траат веќе неколку месеци.

Од оваа куќа изјавија дека очекуваат продажбата да продолжи да опаѓа во Хонг Конг, кој е еден од клучните пазари за нивниот бизнис.

Протестите против владата започнаа пред пет месеци и значително ја потресоа состојбата на берзите. Продажбата на производите на Burberry во првата половина од оваа година бележи раст од пет проценти, а потоа дојде до ненадејна стагнација.

Марк Гобети, извршен директор на компанијата, изјави дека резултатите од работењето се во согласност со упатствата од почетокот на годината, и покрај ситуацијата во Хонг Конг, каде оваа компанија има десет продавници и обично генерира осум проценти од вкупната продажба.

Гобети смета дека Burberry сеуште е во пораст откако го презеде кормилото на компанијата пред две години, и посочува дека новата колекција на нивниот главен креативен дизајнер Рикардо Тиши, генерира силен двоцифрен раст.

„Исто така, продолживме да ја зајакнуваме репутацијата на нашиот бренд и да ја трансформираме својата дистрибуција“, додаде тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП