28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИNike ја прекинува соработката со Amazon: Дали на големите брендови им е...

Nike ја прекинува соработката со Amazon: Дали на големите брендови им е потребен онлајн застапник за продажба?

Американскиот производител на спортска облека Nike одлучи да ја прекине соработката со Amazon.

Од Nike соопштија дека компанијата повеќе нема да продава роба преку страницата на Amazon, еден од водечките онлајн трговци во светот, во обид да се фокусира на директните односи со потрошувачите, пренесува CNBC.

Оваа вест го вклучи алармот во малопродажната индустрија, а некои шпекулираат дека и другите брендови би можеле да го следат овој потег на Nike и оценуваат дека би било паметно тоа и да го направат.

“На брендовите не им треба Amazon. Брзината на испорака беше предност на Amazon, но таа предност се намали… Овој потег ни покажува дека моќните брендови сфаќаат дека сообраќајот преку нивните сопствени страници е самоодржлив, попрофитабилен и дека всушност го зајакнува брендот, додека нивниот промет и приход преку Amazon е помалку профитабилен и помалку придонесува за зајакнување на брендот“, изјави Ренди Коник, аналитичар.

Коник верува дека многу силни модни брендови, па дури и оние од другите сектори, во иднина ќе одлучат да се откажат или да ги ограничат своите односи со Amazon.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП