26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСтопанска банка а.д. Битола со минимална добивка заклучно со третиот квартал

Стопанска банка а.д. Битола со минимална добивка заклучно со третиот квартал

Стопанска банка а.д. Битола за периодот 1.1.-30.9.2019 година оствари добивка во износ од 0,77 милиони денари и е намалена во однос на истиот период лани кога изнесувала 61.517 илјади денари.

Нето-приходите од камати за периодот 1.1.-30.9.2019 година изнесуваат 222,29 милиони денари, што претставува остварување на планот за третиот квартал со 93,34%. Општиот тренд на намалување на каматните стапки придонесе за намалување на
каматните маргини што се одрази и на остварувањето на приходите од камати за пласманите реализирани во овој период.

Нето-приходите од провизии и надоместоци заклучно со третиот квартал од 2019 година изнесуваат 79,75 милиони денари, со што планот е остварен со 102,58% иако остварените износи се пониски за 7,78% во однос на остварувањето од истиот период од минатата година.

Нето-курсните разлики бележат остварување на планот во третото тримесечје со 106,27% иако во апсолутен износ истите се пониски за 1,17 милиони денари споредено со третиот квартал од минатата година.

Останатите приходи од дејноста се пониски за 2,90 милиони денари, споредено со периодот 1.1.-30.9.2018 година, кога беа остварени поголеми вонредни приходи и капитални добивки од продажба на преземен имот.

Исправката на вредноста на финансиските средства, на нето-основа, е повисока во однос на третиот квартал од претходната година за 42,94 милиони денари, што се должи на процените за квалитетот на дел од кредитното портфолио како мерка на прудентно работење и претпазливост на Банката.

Трошоците за вработените бележат намалување од 1,53% споредено со периодот 1.1.-30.9.2018 година, додека планот за анализираниот период кај оваа позиција е остварен со 96,58%. Останатите расходи од дејноста се пониски за 1,65%, што главно е резултат на резервирања за потенцијални обврски за судски спорови во претходната година, што не е случај во тековната година. Планот за вториот квартал од тековната година е реализиран со 100,20%. Амортизацијата е зголемена за 24,39% на годишна основа, додека реализацијата на планот изнесува 104,02%.

Финансискиот резултат можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП