25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПосле штрајкот, откази: Lufthansa отпушта 800 работници

После штрајкот, откази: Lufthansa отпушта 800 работници

Германската авиокомпанија Lufthansa ќе укине 800 работни места во филијалата Austrian Airlines.

Lufthansa соопшти дека ќе укине 700 до 800 работни места во својата подружница во Австрија, што е повеќе од една десетина од работната сила, бидејќи сака да ги намали трошоците настанати заради зголемената конкуренција.

Карстен Шпор, извршен директор на Lufthansa, изјави дека со тоа ќе заштеди и до 90 милиони евра годишно до 2021 година, објави Anadolu.

Од Austrian Airlines изјавија дека намалувањето на работните места ќе се спроведува во наредните две години.

Најавата за укинување на работни места дојде откако Lufthansa минатата недела се соочи со голем штрајк на германскиот кабински персонал, поради што беа откажани околу 1.300 летови.

Компанијата на Твитер соопшти дека мора да откаже скоро 700 летови планирани за четврток и околу 600 летови за петок.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП