24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПрвата европска фабрика Tesla ја отвара во Берлин

Првата европска фабрика Tesla ја отвара во Берлин

Извршниот директор на Tesla, Елон Маск изјави дека неговата прва фабрика на европско тло ќе биде отворена во Берлин, бидејќи добро познатиот производител на автомобили планира да се прошири на глобално ниво.

Маск потврди дека неговата фирма во германската престолнина ќе изгради инженерски и дизајнерски центар.

Компанијата Tesla претходно изјави дека планира да го започне производството и во Европа до 2021 година, а на овој чекор се одлучи поради зголемената конкуренција кога е во прашање производството на електрични автомобили.

„Сите знаат дека германскиот инженеринг е неверојатен и тоа е дел од причината зошто ќе ја лоцираме нашата фабрика токму во Германија“, изјави Маск при посетата на таа земја.

Додаде и дека фабриката ќе биде лоцирана недалеку од новиот аеродром во Берлин, и дека ќе произведува батерии, делови и возила, почнувајќи од моделот Y.

Фокусот на Германија следеше откако во Европа се зголеми апетитот за електрични автомобили.

Во следните неколку години најголемото производство на електрични автомобили ќе биде насочено кон Германија, Франција, Шпанија и Италија.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП