29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗАвтомобилскиот гигант во проблеми: Избришани 70 проценти од профитот

Автомобилскиот гигант во проблеми: Избришани 70 проценти од профитот

Јапонската компанија Nissan денес објави пад на профитот од 70 проценти, поради што е намалена проценката на добивката за целата година на минимум 11 години.

Причината за ова е падот на продажбата на јапонскиот производител на автомобили, пренесува Reuters.

Оперативната добивка на втората најголема јапонска автомобилска компанија по обем на продажбата изнесува 30 милијарди јени (274,98 милиони долари) во јули-септември 2019 година, во однос на 101,2 милијарди јени една година порано.

Тоа е значително пониско во однос на проценката на девет економисти анкетирани од Refinitiv, и кои предвидуваа добивка од 47,48 милијарди јени, и претставува најлош втор квартал за компанијата во последните 15 години.

„Оперативната добивка за првата половина од годината опадна во однос на нашата цела годишна добивка“, изјави за новинарите потпретседателот на компанијата и нов финансиски директор Стивен Ма.

Поради оваа причина, Nissan ја намали годишната прогноза за оперативен профит за 35 проценти на 150 милијарди јени, што би бил најлош годишен резултат  на компанијата за 11 години.

Компанијата, исто така сега предвидува глобална продажба од 5,2 милиони автомобили, во однос на претходно предвидените 5,5 милиони единици.

Nissan во последните неколку недели најави реорганизација на управувањето, назначувајќи го шефот на кинескиот огранок, 53-годишниот Макото Учиди, за свој следен извршен директор.

Компанијата спроведува и глобален план за обновување на деловните активности, со кој ќе укине една десетина од својата работна сила и ќе го намали глобалното производство на автомобили за десет проценти до 2023 година, во обид да ги надомести трошоците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП