25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИHuawei ќе исплати 286 милиони долари бонуси на вработените

Huawei ќе исплати 286 милиони долари бонуси на вработените

Кинескиот телекомуникациски гигант Huawei Technologies ќе исплати две милијарди јуани (286 милиони долари) бонуси на вработените.

Компанијата на овој чекор се одлучи поради помошта на работниците во спротивставувањето на ефектите од американските санкции.

Најголемиот светски снабдувач на телекомуникациска опрема во светот најави дека се обидува да пронајде алтернативи за американскиот хардвер, откако САД го ставија Huawei на т.н. црна листа и му забрани да работи со американските добавувачи, со што на кинеската компанија и се ограничи можноста да набавува клучни делови, пренесува Reuters.

Според одделот за човечки ресурси на Huawei, бонусите се знак на признавање на работата на вработените во време на американскиот притисок. Компанијата, исто така, ќе исплати двојна плата за октомври на вработените, кои ги има околу 190.000, изјави портпаролот на компанијата.

Паричните награди, додава портпаролот, веројатно ќе бидат поделени на истражувачките и развојните тимови и на оние кои работат на пренасочување на синџирите за снабдување од Соединетите држави.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП