26 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSpaceX лансираше 60 сателити: Планетата ќе има супербрз интернет (видео)

SpaceX лансираше 60 сателити: Планетата ќе има супербрз интернет (видео)

Американската приватна технолошка компанија SpaceX, во вселената лансираше 60 сателити кои ќе обезбедат супербрза интернет врска за корисниците ширум светот.

Ракетата Falcon 9, лансирана од Кејп Канаверал, на Флорида, однесе сателити во орбитата на Земјата.

Мисијата, четврта по ред позната како Starlink, има за цел да постави „соѕвездие“ на сателити. Првите сателити во вселената ќе бидат лансирани на 24 мај.

Компанијата на Елон Маск планира да постави 12.000 Starlink сателити во орбитата.

Според агенцијата Dpa, тој број би можел да се искачи и до 40.000 сателити, кои по истекот на векот на траење ќе изгорат во Земјината атмосфера.

Starlink би требало да овозможи интернет на значителен дел од светската популација која сè уште не е онлајн, особено во руралните области. Во исто време, интернет би можеле да користат и другите жители на планетата, кои не се задоволни од работата на постојните оператори.

Секој сателит тежи околу 200 килограми, а со оглед дека се поставени во ниска орбита, на околу 2.000 километри од Земјата, можните одложувања или прекини во инернет врските се минимизираат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП