25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAlibaba излегува на Хонгконгшката берза

Alibaba излегува на Хонгконгшката берза

Кинеската компанија за онлајн трговија Alibaba планира во последната недела од ноември да излезе на Хонгконгшката берза, со цел да се соберат до 15 милијарди долари.

Toa го објави Reuters, повикувајќи се на два неименувани извори директно запознаени со ситуацијата.

Процесот на Alibaba за пронаоѓање на потенцијални инвеститори и котација на акциите би требало да се одржи во неделата која започнува на 25 ноември, тврдат истите извори кои побараа да останат анонимни поради чувствителноста на прашањето.

Компанијата прво би требало следната недела да побара одобрение од Хонгконшката комисија за тргување со акции.

Јавната понуда на акциите на Alibaba, чиј примарен пазар се акциите во САД, би се одржала, оценува Reuters, во клучно време за иднината на Хонг Конг, кој е раздрман од повеќемесечните антивладини протести.

Компанијата Alibaba во моментов има водечка позиција во светот кога станува збор за вредноста на собраните средства за време на првична јавна понуда, бидејќи во 2014 година на Њујоршката берза собра 25 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП