24 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИАстероид поголем од Ајфеловата кула се приближува до Земјата со големина брзина

Астероид поголем од Ајфеловата кула се приближува до Земјата со големина брзина

Небесното тело откриено во 2006 година е опишано како „потенцијално опасно“ поради неговата близина до нашата планета. Се проценува дека астероидот ќе ја помине Земјата за помалку од две недели, предупреди НАСА.

Вселенската карпа идентификувана како 481394, со големина од околу 610 метри, е двојно поголема од Ајфеловата кула, т.е. таа голема колку шест фудбалски игралишта.

Астероидот се очекува да се приближи до Земјата на 20 ноември, на 0,029 астрономски единици над нашите глави, или 4,35 милиони километри. Лета со зачудувачка брзина од 27.000 км на час, или околу 22 пати побрзо од звукот.

Овој астероид, откриен во 2006 година, поминува низ нашата орбита двапати годишно. Припаѓа на групата Атен астероиди.

Неговата траекторија покажува дека може да дојде до судир во наредните два века. Секој астероид или комета што се движи на околу 50 милиони километри од Земјата – е опишан како небесно тело близу Земјата (NEO).

Од повеќе од 600.000 астероиди што минуваат низ нашиот сончев систем, научниците категоризираат околу 20,000 NEO објекти.

Минатата недела НАСА објави дека астероидот со големина на Бурџ Калифа (највисоката зграда во светот) ќе помине покрај нашата планета еден ден по Божиќ.

А во септември, агенцијата призна дека идентификувала голем астероид само неколку часа пред да влезе во атмосферата кој изгорел таму.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП