28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБафет со Toyota инвестира во електрични автомобили

Бафет со Toyota инвестира во електрични автомобили

Најголемиот светски продавач на автомобили Toyota Motor ќе формира заедничко вложување со кинеската компанија BID, која 25 проценти е во сопственост на инвестицискиот фонд Berkshire Hathaway, на деловниот магнат Ворен Бафет.

Двете компании соопштија дека секоја ќе инвестира по 50 проценти од капиталот потребен за формирање на заедничко вложување, кое ќе дизајнира и развива автомобили на батерии и електрична енергија, пренесува CNBC.

BID и Toyota наведоа во соопштението дека планираат да обезбедат персонал за новата компанија со преместување на инженери и вработени во секторите Истражување и развој R&D од двете компании.

Потпретседателот на Toyota, Шигеки Тераши, наведе во соопштението дека „компанијата има иста цел – и понатаму да промовира широка употреба на електрифицирани возила.

Најпознатиот светски инвеститор Ворен Бафет стави голем удел „на коцка“ кога во 2008 година ги купи акциите на BID, стекнувајќи капитал од 24,6 проценти. Се проценува дека од таа инвестиција Berkshire Hathaway оствари повеќе од милијарда долари нето профит во последните 10 години.

BID е основана во 1995 година како компанија која продава батерии, автомобили, велосипеди на батерии, автобуси, акумулатори и камиони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП