Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 11,034.23 -0.2%    GRNT 1,010.85 0.08%    KMB 5,990.32 0.39%    MTUR 5,376.92 0.5%    PPIV 39,100.00 0.26%    RMDEN18 98.70 0%    STB 1,160.00 0%    TETE 2,350.00 2.17%    TNB 16,400.00 0.03%    TTK 1,503.00 2.95%    

Шпаркасе со преземање на Охридска банка станува четврта банкарска групација со 14 проценти пазарен удел

Време: 14:11

Датум: ноември 8, 2019

Категорија: КОМПАНИИ

Австриската Штаермаркише Банка и Шпаркасе, кои веќе се присутни во земјава 10 години, од 4 ноември се сопственици и на Охридска Банка. Со тоа станаа четврта најголема банкарска групација со пазарно учество од околу 14 отсто.

Охридска банка, соопштија дека Штаермаркише банка и Шпаркасен АГ се стекнаа со 91,57 отсто од акциите. Откупени се 71 отсто акции на Сосиете женерал и останатите од малцински акционери. Акциите се купени за 48 милиони евра.

Во наредниот период ќе следи реорганизација, која треба да заврши во април 2021 година, а првите поволности за клиентите на двете банки ги најавуваат од 1 јануари 2020 година за користење на банкоматите и подигнување средства без провизија, како во земјава, така и во земјите од регионот каде е пристуна групацијата.

Спојувањето на двете банки во Македонија во една групација, како што рече на прес-конференција, Георг Бухер член на УО на Штаермаркише шпаркасе, нема да значи во моментов отпуштање на вработени во двете банки во земјава.

– Целта ни е да растеме. Во овој момент ни се потребни сите луѓе, но може да дојде момент кога треба да се борат за работното место. Спојувањето ќе биде во април 2021 година, рече Бухер.

Штаермаркише Шпаркасе е пристуна во земјава од 2008 година, а Герхард Фабиш, претседателот на УО на банката, оцени дека тие се сериозен инвеститор кој има за цел да остане и дека ги поддржуваат земјите од Западен Балкан.

– Веруваме во државите од Западен Балкан. Порано или подоцна тие треба да бидат дел од ЕУ и затоа ги поддржуваме да влезат во ЕУ. Влезот во ЕУ на овие држави ќе биде логичка последица и тоа ќе се случи порано или подоцна, рече Бухер, додавајќи дека немало влијание на нивната одлука процесот што земјава го води за добивање датум за преговори во ЕУ, но оти позитивно е влијанието од ратификацијата на протоколот за членство во НАТО.

Убедени се дека ќе формираат нова успешна банка и задоволни што усепале да го зголемат присуството на македонскиот пазар.

Според главниот извршен директор на Шпаркасе Македонија Глигор Бишев интегрираната банка ќе биде водечки финансиски супермаркет во регионот.

– Банката ќе биде препознатлива по нашиот хуман однос, одговорно однесување, инклузија на клиентите, како и професионални совети и вмрежување на клиентите во земјата и странство. Убеден сум дека ќе бидеме прв избор на банка за нашите клиенти и вработени, истакна Бишев.

Нина Неданоска, која е нов претседател на УО во Охридска банка потенцира дека ќе моделираат една нова, модерна помоќна Шпаркасе банка Македонија.

– Поминавме доста, а ни претстои и еден долг предизвикувачки период. Главниот фокус и понатаму останува грижата за нашите клиенти. Ќе моделираме една нова, модерна и помоќна Шпаркасе Банка Македонија. Државата ќе ја добие четвртата најголема банка, со пазарно учество од 14 отсто. Оваа банка ќе донесе бројни бенефити за клиентите, ќе отвори нови перспективи во економијата и ќе овозможи подигање на нивото на целиот банкарски сектор, рече Неданоска.

Двете банки, Охридска банка АД Скопје и Шпаркасе Банка Македонија, сега ќе опслужуваат повеќе од 132.000 клиенти во земјата. Шпаркасе банка Македонија има актива од околу 350 милиони евра, а со приклучувањето на Охридска банка во Штаермеркише Шпаркасе вкупната активна на банката на македонскиот пазар ќе биде повеќе од милијарда евра.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Шпанскиот суд му забрани на Ryanair да го наплаќа багажот

    Шпанскиот суд му забрани на Ryanair да го наплаќа багажот

    Судот во Шпанија вчера донесе одлука дека правилото за наплата на рачен багаж на нискобуџетната авиокомпанијата Ryanair е „навредливо“. Ова правило не смее да се применува…

  • Продавница со нов концепт во Телеком управната зграда

    Продавница со нов концепт во Телеком управната зграда

    Продавницата нуди персонализирано корисничко искуство, интерактивна сценографија за запознавање со технолошките новитети и директна отворена комуникација со вработените Попуст и до 5.000 денари за купен…

  • Најголема инвестиција во историјата на компанијата: Гигантот за дигитални плаќања го проширува бизнисот

    Најголема инвестиција во историјата на компанијата: Гигантот за дигитални плаќања го проширува бизнисот

    Од компанијата PayPal објавија дека планираат да ја купат Honey, компанија која прави додатоци за веб пребарувачи по цена од 4 милијарди долари. Ова ќе…

  • Грешка што нема да се повтори: Изгубиле 12,6 милиони долари поради попуст во сендвичите

    Грешка што нема да се повтори: Изгубиле 12,6 милиони долари поради попуст во сендвичите

    Burger King, еден од најголемите брендови во САД, даде еднократен попуст на клиентите, со што изгубија милиони долари. Сепак, експертите советуваат дека е вистинско време…

  • Дебито на Хонкошката берза ќе и донесе на Alibaba 12,9 милијарди долари!

    Дебито на Хонкошката берза ќе и донесе на Alibaba 12,9 милијарди долари!

    Побарувачката за акции на кинеската компанија за онлајн трговија Alibaba достигна околу 12,9 милијарди американски долари на иницијалната јавна понуда на Хонкошката берза, објави Reuters.…

  • Бимилк организираше посета на краварска фарма за децата со оштетен слух и говор

    Бимилк организираше посета на краварска фарма за децата со оштетен слух и говор

    По повод Светскиот ден на детето, кој се прославува на 20 ноември, Бимилк организираше изненадување и незаборавно искуство за децата од Заводот за рехабилитација на…

  • АМ Бест ја потврди бонитетната оценка »A« со стабилна среднорочна прогноза за Групацијата Триглав

    АМ Бест ја потврди бонитетната оценка »A« со стабилна среднорочна прогноза за Групацијата Триглав

    Агенцијата за кредитен рејтинг АМ Бест, по редовната годишна ревизија, на Заваровалница Триглав и Позаваровалница Ре повторно им ја потврди бонитетната оценка на финансиска моќ…

  • Овие се топ 10 компании кои најмногу ги загадуваат океаните

    Овие се топ 10 компании кои најмногу ги загадуваат океаните

    Пластиката полека влезе во нашите животи. Шишиња, сламки, пакување за овошје и зеленчук, кеси во продавници – се чини дека е неизбежна. Како што полека…

  • ЈП Водовод и Канализација – Скопје продолжува со реализација на едукативно-информативните средби за децата од различни возрасти

    ЈП Водовод и Канализација – Скопје продолжува со реализација на едукативно-информативните средби за децата од различни возрасти

    Секторот за санитарна контрола на ЈП Водовод и Канализација – Скопје продолжува со реализација на едукативно-информативните средби за децата од различни возрасти, со цел запознавање…

  • ИутеКредит – Најповолно микрокредитирање според најновите истражувања и анализи во 2019

    ИутеКредит – Најповолно микрокредитирање според најновите истражувања и анализи во 2019

    Брзината во пристапот до финансиски средства е се поголем приоритет кај граѓаните, а доволен показател за тоа е и бројот на финасиски друштва кој се…