Витаминка АД Прилеп за периодот Јануари – Септември 2019 година оствари позитивен финансиски резултат на износ од 9.628 илјади денари.
Остварените единечни вкупни приходи во периодот јануари – септември 2019 година изнесуваат 1.762.052 илјади денари и во споредба со остварените во 2018 година за истиот период бележат пораст од 11%. Во структурата на вкупните приходи најголемо учество, 99%, имаат приходите остварени од продажба на производи и услуги од основна дејност, кои во споредба со остварените во 2018 година бележат пораст од 11%.
Остварените единечни вкупни расходи во периодот јануари- септември 2019 година изнесуваат 1.670.331 илјади денари и во споредба со остварените во 2018 година бележат раст од 7%. Растот на вкупните расходи е во корелација со работењето во 2019 година за извештајниот период.
Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.