Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 11,034.23 -0.2%    GRNT 1,010.85 0.08%    KMB 5,990.32 0.39%    MTUR 5,376.92 0.5%    PPIV 39,100.00 0.26%    RMDEN18 98.70 0%    STB 1,160.00 0%    TETE 2,350.00 2.17%    TNB 16,400.00 0.03%    TTK 1,503.00 2.95%    

Македонски Телеком ја зголемува добивката и бележи раст на корисничката база во третиот квартал на 2019

Време: 10:50

Датум: ноември 7, 2019

Категорија: КОМПАНИИ

  • Пораст на бројот на корисниците во секој сегмент на услуги: интернет, телевизија и постпејд мобилни услуги  
  • Нето добивката во третиот квартал е зголемена за 9,6 отсто
  • Лидер на пазарот во телевизија

Македонски Телеком продолжува со успешното работење и во третиот квартал од 2019 година. Компанијата оствари раст на нето добивката и зголемени приходи од продажба во споредба со истиот период минатата година. И понатаму бележиме раст во бројот на корисници во мобилна телефонија и интернет, ја зацврстуваме лидерската позиција во сегментот телевизија. Позитивното работење на компанијата кое продолжува и во третиот квартал ни потврдува дека сме на патот кон одржлив раст и ни овозможува да ги поставиме очекувањата за нашето иднo работење на повисоко ниво.

Континуиран раст на финансиските параметри

Приходите од продажба на Македонски Телеком во првите девет месеци од 2019 година, во споредба со минатата година, се зголемени за 2,2 отсто и изнесуваат 7.937 милиони денари. Оперативната добивка пред камати, оданочување и амортизација (EBITDA) за истиот период е зголемена за 5,3 отсто во споредба со претходната година, додека нето добивката бележи раст од 9,6 отсто.

Пораст на корисничката база

Македонски Телеком на крајот од првите девет месеци од 2019 година има зголемување на бројот на корисниците во сите сегменти. Со зголемувањето од 1,8 отсто на постпејд корисничката база, вкупниот број на корисници во мобилниот сегмент изнесува 1.258 илјади. Зголемена е базата и на корисници коишто имаат пристап до широкопојасен интернет за 4,0 отсто, а вкупниот број изнесува 200,4 илјади.
Македонски Телеком останува лидер во ТВ сегментот со број на корисници кој континуирано се зголемува (вклучувајќи Magenta 1, Internet&ТV и други ТВ услуги), што на крајот од првите девет месеци од 2019 година резултира со база од 133,5 илјади корисници. MaxTV остана избор број еден за корисниците, како резултат на квалитетот, ексклузивните содржини, неограничените можности за интеракција, како и уникатното ТВ искуство. Дополнително, со новиот дигитален концепт во Magenta 1, промовиран во третиот квартал оваа година, корисниците на нашето најголемо семејство можaт да активираат дополнителни опции без надомест, секој месец, во зависност од нивните потреби, за поедноставно и попаметно секојдневие.

Силен фокус на инвестициите во мрежата

И во овој квартал продолжуваме со континуирани  инвестиции во инфраструктурата и ги подобруваме сопствените капацитети. Го зголемивме бројот на домаќинства покриени со оптика за 11,3 отсто споредено со истиот период изминатата година. Сега, повеќе од една третина од домаќинствата во земјава имаат можност да се поврзат на оптичката мрежа од Телеком и да ги користат бенефитите од оваа технологија.

Ефектите од работењето за првите девет месеци од 2019 година прикажани погоре, заради компаративна анализа со претходната година се дадени без влијанието на Меѓународниот стандард за финансиско известување 16 „Наеми“.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Шпанскиот суд му забрани на Ryanair да го наплаќа багажот

    Шпанскиот суд му забрани на Ryanair да го наплаќа багажот

    Судот во Шпанија вчера донесе одлука дека правилото за наплата на рачен багаж на нискобуџетната авиокомпанијата Ryanair е „навредливо“. Ова правило не смее да се применува…

  • Продавница со нов концепт во Телеком управната зграда

    Продавница со нов концепт во Телеком управната зграда

    Продавницата нуди персонализирано корисничко искуство, интерактивна сценографија за запознавање со технолошките новитети и директна отворена комуникација со вработените Попуст и до 5.000 денари за купен…

  • Најголема инвестиција во историјата на компанијата: Гигантот за дигитални плаќања го проширува бизнисот

    Најголема инвестиција во историјата на компанијата: Гигантот за дигитални плаќања го проширува бизнисот

    Од компанијата PayPal објавија дека планираат да ја купат Honey, компанија која прави додатоци за веб пребарувачи по цена од 4 милијарди долари. Ова ќе…

  • Грешка што нема да се повтори: Изгубиле 12,6 милиони долари поради попуст во сендвичите

    Грешка што нема да се повтори: Изгубиле 12,6 милиони долари поради попуст во сендвичите

    Burger King, еден од најголемите брендови во САД, даде еднократен попуст на клиентите, со што изгубија милиони долари. Сепак, експертите советуваат дека е вистинско време…

  • Дебито на Хонкошката берза ќе и донесе на Alibaba 12,9 милијарди долари!

    Дебито на Хонкошката берза ќе и донесе на Alibaba 12,9 милијарди долари!

    Побарувачката за акции на кинеската компанија за онлајн трговија Alibaba достигна околу 12,9 милијарди американски долари на иницијалната јавна понуда на Хонкошката берза, објави Reuters.…

  • Бимилк организираше посета на краварска фарма за децата со оштетен слух и говор

    Бимилк организираше посета на краварска фарма за децата со оштетен слух и говор

    По повод Светскиот ден на детето, кој се прославува на 20 ноември, Бимилк организираше изненадување и незаборавно искуство за децата од Заводот за рехабилитација на…

  • АМ Бест ја потврди бонитетната оценка »A« со стабилна среднорочна прогноза за Групацијата Триглав

    АМ Бест ја потврди бонитетната оценка »A« со стабилна среднорочна прогноза за Групацијата Триглав

    Агенцијата за кредитен рејтинг АМ Бест, по редовната годишна ревизија, на Заваровалница Триглав и Позаваровалница Ре повторно им ја потврди бонитетната оценка на финансиска моќ…

  • Овие се топ 10 компании кои најмногу ги загадуваат океаните

    Овие се топ 10 компании кои најмногу ги загадуваат океаните

    Пластиката полека влезе во нашите животи. Шишиња, сламки, пакување за овошје и зеленчук, кеси во продавници – се чини дека е неизбежна. Како што полека…

  • ЈП Водовод и Канализација – Скопје продолжува со реализација на едукативно-информативните средби за децата од различни возрасти

    ЈП Водовод и Канализација – Скопје продолжува со реализација на едукативно-информативните средби за децата од различни возрасти

    Секторот за санитарна контрола на ЈП Водовод и Канализација – Скопје продолжува со реализација на едукативно-информативните средби за децата од различни возрасти, со цел запознавање…

  • ИутеКредит – Најповолно микрокредитирање според најновите истражувања и анализи во 2019

    ИутеКредит – Најповолно микрокредитирање според најновите истражувања и анализи во 2019

    Брзината во пристапот до финансиски средства е се поголем приоритет кај граѓаните, а доволен показател за тоа е и бројот на финасиски друштва кој се…