8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонска берза го објави Месечниот статистички билтен за октомври 2019

Македонска берза го објави Месечниот статистички билтен за октомври 2019

Според податоците кои ги објави Македонскта берза за периодот 01.10.-31.10.2019 година вкупниот промет изнесувал 681.345.461  денари и е намален во однос на септември за 6,90 отсто. 

Класичното тргување изнесува 362.625.740 денари и е намалено во однос на септември за 20,83 отсто кога изнесувало 458.036.398  денари.

Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 355.057.778 денари и обврзници во вредност од 7.567.962 денари.

Блок трансакциите за октоммври изнесувале 318.719.721 денари и се зголемени за 75,91 отсто во однос на септември.

Бројот на трансакции во октомври изнесувале 1.777 и се намалени за 5,73 отсто во однос на септември кога изнесувале 1.885.

Најтргувани акции на официјалниот пазар за октомври се на Макпетрол АД Скопје, следи Алкалоид АД Скопје и Комерцијална Банка АД Скопје го зазема третото место.

Месечниот статистички билтен за октомври 2019 година можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП