6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИNetflix ја прекинува поддршката за постарите Samsung смарт телевизори

Netflix ја прекинува поддршката за постарите Samsung смарт телевизори

Веќе некое време Netflix најавува дека до крајот на годината ќе ја прекине поддршката за одредени постари уреди.

Toa главно се однесува на постари USB TV стикови, но Netflix најави и дека оваа мерка ќе влијае и на постарите модели на паметни телевизори на Samsung. Престанокот на поддршката е закажан за 1 декември оваа година.

Samsung објасни дека причините за тоа биле техничките ограничувања на телевизорот. За жал, до овој момент ниту Netflix ниту Samsung не објавија кои модели ќе бидат погодени од оваа мерка. Со други зборови, ако поседувате телевизор Samsung постар од една година, постои можност наскоро да останете без Netflix.

Претплатниците на Netfilx погодени од оваа ситуација ќе можат да продолжат со стриминг на содржина само доколку купат некој USB TV stick, Apple TV, Playstation 4 или било кој друг надворешен уред кој Netflix сè уште го поддржува.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП