19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAudi го засилува производството во Унгарија

Audi го засилува производството во Унгарија

Германскиот производител на премиум автомобили Audi, ќе го зголеми производството на мотори на 2,25 милиони единици следната година во својата фабрика во Унгарија.

Тоа е пораст во однос на 1,95 милиони единици произведени во 2018 година, изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.

„Планираат да произведат 2,25 милиони мотори следната година, а досега бројката од 2,0 милиони беше годишен рекорд“, изјави Сијарто на прес конференција, објави Reuters.

Тој го изјави тоа по повод прашањата да ги прокоментира медиумските извештаи за тоа дали Audi наводно планира да ја намали работната сила во својата унгарска фабрика.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП