4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИВработените во Microsoft работеа 4 дена во неделата и ја зголемија продуктивноста...

Вработените во Microsoft работеа 4 дена во неделата и ја зголемија продуктивноста за 40 проценти

Microsoft тестираше работна недела од 4 дена во Јапонија и откри дека овој експеримент даде прилично неочекувани резултати.

Технолошкиот гигант забележа пораст на продуктивноста од скоро 40 проценти, по намалувањето на работното време во рамките на проект кој за цел имаше промовирање на поздрава рамнотежа помеѓу работата и животот.

Во рамките на овој проект, Microsoft еден месец ги затвораше вратите на компанијата во петок, за 2.300 вработени да имаат викенд од 3 дена.

А во текот на тој период компанијата ја мереше продуктивноста (продажба по вработен) и забележа пораст од 39 проценти во однос на август 2018 година.

Една од клучните причини за една компанија е да ги ограничи состаноците на 30 минути.

Покрај придобивките од продуктивноста, Microsoft забележа и за 32,1 процент помала употреба на електрична енергија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП