29 март, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАМонт Еверест покриен со 4G мрежа

Монт Еверест покриен со 4G мрежа

everest

„Покривот на светот“ или највисокиот врв на Хималаите, Монт Еверест е покриен со 4G мрежа на ниво до 5.200 метри надморска височина и тоа благодарејќи на компанијата „Huawei“.

Алпинистите сега можат да се јавуваат од Монт Еверест и да прикажуваат „live stream“ од своите авантури со помош на достапноста на „LTE TDD 4G wireless“ технологијата.

„Huawei“ за овој потфат помош доби од компанијата „China Mobile“ која минатиот месец демонстрираше директен видео пренос од 5.200 метри надморска височина и тоа со HD квалитет.

„Huawei“ досега разви поддршка за „LTE TDD“ за четириесетина оператори во Азија, на Блискиот Исток, во Северна и Јужна Америка, Русија, Африка и Западна Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП