27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМораат да заштедат 100 милиони евра: Укинуваат новоотворени работни места

Мораат да заштедат 100 милиони евра: Укинуваат новоотворени работни места

Австриската национална авиокомпанија AUA се соочува со проблеми поради конкуренцијата на евтини авио-превозници и на тоа реагира со мерки за штедење.

Пакетот штедење ќе биде најголем по обем и немилосрден досега, тврди виенскиот весник Die Presse.

Според тој извештај, AUA во наредните години мора да заштеди 100 милиони евра, а најмалку половина ќе биде заштедена на персоналот.

„Пресметката е едноставна, 50 милиони евра помалку трошоци за вработените значи намалување на повеќе од 500 вработени“, укажува Die Presse.

Поголемиот дел од 1.200 работни места кои во последниве години се создадени со новоотворената стратегија за експанзија ќе бидат, според тој извештај, укинати.

AUA има голем проблем со „евтината“ конкуренција, а минатата недела, шефот на Ryanair, Мајкл Олири изјави дека неговата компанија сака за пет години да го престигне австрискиот национален превозник.

Веќе напролет, AUA, поради „евтината“ конкуренција, ги спроведе првите мерки на штедење, со кои сака да заштеди 30 милиони евра. Како дел од овие мерки веќе се укинати бројни дестинации кои не беа профитабилни, како што се летови кон Хонг Конг, Хавана и Коломбо.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП