26 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИКако започна револуцијата: Претставување на првиот iPhone (видео)

Како започна револуцијата: Претставување на првиот iPhone (видео)

iPhone (iPhone 2G) е првиот мобилен телефон на компанијата Apple. Во продажба излезе на 29 јуни 2007 година, а престана да се продава на 11 јуни 2008 година, кога беше заменет со новата верзија наречена iPhone 3G.

Првиот модел содржеше интернет прелистувач Mobile Safari, по кој се разликуваше од претходните мобилни телефони. Покрај GSM/GPRS/EDGE конективноста, исто така имаше и вграден Wi-Fi модул кој поддржуваше (802.11b/g) стандарди, и Bluetooth 2.0 EDR+ кој може да се користи само за пренесување на аудио сигнал, камера од 2 мегапиксели.

Дијагоналата на екранот беше 3,5 инчи со резолуција од 480×320 пиксели и 163 PPI (pixels per inch).

Во почетокот беа претставени два модели 4GB и 8GB, за со текот на времето да го укине моделот 4GB и да го воведе оној од 16 GB.

Со iPhone е претставена и сосема нова мобилна платформа наречена OS X iPhone, базирана на Mac OS X оперативен систем, прилагоден за мобилни телефони, која до денес доживеа пет генерации. Петтата верзија на тој мобилен оперативен систем е пуштена во оптек во 2011 година.

Вака изгледаше започнувањето револуција во светот на мобилните уреди:

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП