19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBoеing става вон употреба 50 авиони од типот 737NG поради пукнатина во...

Boеing става вон употреба 50 авиони од типот 737NG поради пукнатина во конструкцијата

Американскиот производител на авиони Boеing привремено повлече од употреба 50 свои авиони од типот Boeing 737NG поради пукнатини откриени во конструкцијата на леталата.

Портпаролот на групацијата Boеing изјави дека досега биле прегледани околу 1.000 авиони на американскиот конструктор кои се користат во повеќе компании.

Како што се вели, кај помалку од пет проценти, односно кај околу 50 авиони, утврдено е дека е потребно да бидат повлечени поради отстранување на проблемот.

Американската федерална агенција за воздухопловство на почетокот на октомври нареди проверка на авионот Boеing 737 NG, кој му претходи на моделот Boеing 737 Max, кај кого се утврдени пропусти.

На почетокот од овој месец Boеing објави дека ќе спречи нови несреќи како резултат на дефекти на своите модели на авиони по несреќите во Индонезија и Етиопија во кои загинаа повеќе од 300 луѓе.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП