Управните одбори на Fiat Chrysler и Peugeot го одобрија спојувањето на двете компании, и заедничката фирма би можела да стане најголемиот производител на автомобили во светот со очекуван годишен приход од околу 170 милијарди евра.
Кога ќе заврши спојувањето, првиот човек на Peugeot, Карлос Таварез ќе биде извршен директор на новата компанија, додека претседателот на Fiat Chrysler, Џон Елкан, ќе биде на истата функција и во новата фирма.
Одлуката за спојување на италијанскиот и францускиот производител на автомобили е донесена пет месеци по неуспешниот обид на Fiat да се спои со Renault.