26 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИПрофитот на Shell падна 15 проценти

Профитот на Shell падна 15 проценти

Компанијата Royal Dutch Shell објави пад на профитот од 15 проценти во третиот квартал, објави Financial Times.

Компанијата како причина за падот на профитот ги наведува пониските цени на енергенсите на светскиот пазар и пониската заработка во секторот за преработка на енергенси.

Нафтената групација соопшти дека нејзиниот нето приход за трите месеци заклучно со 30 септември е близу 4,8 милијарди долари, што е намалување од 5,6 милијарди колку што пријави во истиот период минатата година, но сепак ги надмина очекувањата на аналитичарите од 3,9 милијарди долари, благодарение на попрофитабилното тргување со нафта и течен нафтен гас како и поголема заработка во секторот за гас.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП