4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКинезите го делат Gorenje на две компании

Кинезите го делат Gorenje на две компании

Словенечкиот производител на уреди за домаќинство Gorenje ќе биде поделен на две компании како дел од планот за консолидација на групацијата.

Оваа одлука ја донеа една година откако кинескиот конгломерат Hisense ја презеде, при што одборот ќе стане посебна компанија.

Компанијата Hisense Europe ќе биде со седиште во Љубљана и ќе обезбедува услуги за корпоративна поддршка на сите Hisense компании во Европа, пренесува агенцијата STA.

Од друга страна, компанијата Gorenje ќе се состои од производствена компанија во Велење и подружници Gorenje Group.

Компанијата во соопштението наведе дека прилагодувањето на новото деловно опкружување бара зајакнување на ефикасноста и поедноставување на организацијата Gorenje Group.

„Овие последни чекори на интеграција вклучуваат поделба на управувањето и производството, формирање на заеднички регионални сервисни центри и спојување на малопродажните компании на групи во странство“, се истакнува во соопштението на Gorenje.

Иако седиштето на Hisense Europe ќе биде во Љубљана, некои административни работи сепак ќе останат на локацијата во Велење.

Поради проблемите во пронаоѓање на квалификувани работници, во Велење ќе се постават некои заеднички услуги за Hisense компаниите во Европа, додека во другите делови на Европа, каде се помалку корисни, ќе бидат укинати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП